Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Стојановска: Од Металург минав во ЖРК Вардар поради желбата за напредок и усовршување кој го нуди тимот
Стојановска: Од Металург  минав во ЖРК Вардар поради желбата за напредок и усовршување кој го нуди тимот

Стојановска: Од Металург минав во ЖРК Вардар поради желбата за напредок и усовршување кој го нуди тимот

ЖРК Вардар сериозно се засили со две нови имиња пред почетокот на новата сезона. Една од нив  игра на левата бековска позиција. Станува збор за македонската репрезентативка, Михаела Стојановска.

Таа во нашите редови пристигна од ривалот од Автокомада, екипата на ЖРК Металург. Тука ги мина сите младински конкуренции,  беше дел и од Македонската кадетска селекција на шампионатот во Италија 2019. Ристова добива одличен бек врз кој може да ја гради играта во нападот и одбраната. Вардар фанс ве запознава со новата вардарка.

Најпрвин ни зборува за нејзината одлука да го напушти својот матичен клуб и да мине во нашиот проект за создавање на репрезентативки. ЖРК Вардар има најголема „база“ на кадетски и младински репрезентативки во мак.ракометот.

Од моите први почетоци сум во Металург и дојде тој момент да ја променам средината и да започнам нов предизвик, во Вардар. Во новата средина, пред се ме привлекоа подобрите услови за работа. Сметам дека истите ќе допринесат за мој личен напредок, верувам дека ќе имам и повеќе простор за докажување и ќе ја оправдам довербата што Вардар ми ја овозможува на мене како на млад ракометар.

df2

Големо засилување е Стојановска за нашиот тим, станува збор за кадетска репрезентативка, играч во кој лежи голем потенцијал. Очекува лесно да се адаптира на средината бидејќи во вардаровиот тим има голем број на кадетски репрезентативки со кои лани играа во Италија.

Повеќето од сегашните  колешки ги познавам од предходно, соработувавме како и на терен така и надвор од него во репрезентацијата на Македонија. Бев со нив за време на подготовките и настапот на ЕХФ Шампионатот за кадетки кој минатата година го одигравме во Италија. Сметам  дека поради тој факт, многу полесно ќе се адаптирам на играта во црвено-црниот дрес.

Родена е 2002 година, па покрај настапот за сениорскиот тим ќе може да игра и за младинската екипа на ЖРК Вардар. Побаравме да ни ги каже своите предвидувања и очекувања за новата сезона 2020/2021 година.

Пред нас се настапи во две конкуренции оваа сезона,  во сениорската лига секако би сакала да освоиме некое место во горниот дел на табелата. Да го нападнеме врвот бидејќи сме тим за големи дострели.  Во младинската лига, сметам дека  имаме драстично поголеми шанси за освојување на  првото место на табелата.

df3

За крајот на оваа прва нејзина изјава за Вардар фанс, откако дојде во црвено-црниот табор ја запрашавме за нејзините визии околу ракометната иднина и кариера која е пред неа.

 *За сега сум сеуште млада ракометарка, но понатаму би сакала да играм во некој странски клуб кој се натпреварува во европско натпреварување. Кога станува збор за македонската  репрезентација, би сакала  да бидам дел од младинските и сениорски првенства кои следуваат- вели за крај новото заслување на Вардар, Стојановска.

Михајло Тушевски