Кадетите на РК Вардар 1961 кои играат во младинската лига вчера во големата сала при СЦ „Јане Сандански“ беа домаќини на младинскиот тим на РК Пролет 62. Момците на Пепи Манасков покажаа борбеност, желба и храброст против повозрасниот ривал успеваќи да останат непоразени на оваа средба од 2.коло. Натпреварот заврши реми 24-24.
На почетокот црвено-црните кадети отворија со гол за водство, во следниот напад гостиот изедначи (1-1). Следеше игра гол за гол на двете страни паднаа по четири погодока за резултатска симетрија 5-5. По овој момент Пролет беше во налет и успеа со три врзани гола да се одлепи (5-8), па во 19.минута Пепи Манасков побара минута одмор. Ние успеавме по паузата на еден нивни погодок да вратиме со двојна мера и поведовме со 12-10 правејќи целосен пресврт, на одмор заминавме со минимална предност од 12-11.
Нашиот налет беше страшен, ривалот немаше игра за младата и полетна екипа на Вардар. Успавме да поведеме со дури пет разлика (19-14). Сепак искуствто и возраста беа на страна на ривалот кој се издигна од безната и успеа да се врати по оваа голема негатива. Во последните минути најпрвин они изедначија (22-22), ние преку Андреј Петрушевски поведовме со 23-22. Сепак со два гола тие беа на раб на победа во финишот кога поведоа со 23-24 правеќи целосен пресврт на овој малдински дуел. За среќа за нас во финишот најхрабар беше првиот стрелец на оваа средба Виктор Трифуновски кој погоди за 24-24.
Во нашиот состав Трифуновски стрелаше 5.пати, по три гола имаа четири момци: Петушевски, Петковски, Тодоровски и пикерот Стојменов. По два пати противничката мрежа ја тресеа: Анакиевски, Димитриевски и крилото Трајановски.