Кај момците во Втората лига, на програмата е осмото коло. Во рамки на истото, КК Вардар утре, сабота (27/11/2021), ќе биде домаќин во малата сала при СЦ „Кале“ во Скопје. Црвено-црните кои по 7.кола се на делба на втората позиција на табелата се домаќини на КК Шкупи.
Утрешниот натпревар кој е закажан со почеток во 18-00 часот ќе го судат: В.Цветаноски, Н.Јакимовски и С.Ристовски.