На првото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ кој започна од вчера, и во првото коло РК Вардар го совлада тимот на РК Бутел. Црвено-црните момци, денес во 2.коло одиграа натпревар со тимот на Пролет на кои беа поразени со 35-30. По два дуела имаме половичен успех на овој турнир.
Дуелот започна рамноправно по една третина од првиот период на почетокот на 11.минута на семафорот имаше резултатска симетрија, резултатот беше 4-4. Потоа следеа наши минути во кои ние успеавме да се одлепиме, во 19.минута водевме со три плус (11-08) и ја контолиравме играта. Екипата на Пролет успеа да се врати на резултатски план и до одморот изедначи, на пауза се замина со реми разултат 13-13.
Катастрофално отворивме во вториот дел, ривалот беше во налет и направи голема серија, тие со серија 5-0 се оделпија на 18-13. По овој пад се обидовме да се вратиме, но сепак не успеавме во тоа. Скопскиот ривал успеа да го исконтолира резултатот и дојде до победа со пет гола повеќе, тие не совладаа со резултат 35-30 на крајот.
Видео од натпреварот може да се погледне на следниот ЛИНК!