Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација г-дин Љубомир Савевски го објавува список на повикани ракометарки за собир во рамки на претстојната EHF недела во месец септември 2022. Од тимот на Вардар повикани се две девојки, Ивана Џатевска и Коцева Бојана.
Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против репрезентацијата на Норвешка во СЦ “Борис Трајковски” во рамки на ЕХФ неделата.
Првиот натпревар е од затворен тип и ќе се одигра на 29.09.2022. Вториот пријателски натпревар е закажан на датум 01.10.2022 година во 16:00 часот со директен пренос на МРТ 3. Натпреварот е од отворен тип и влезот е слободен.
Собирот е закажан за ден 26.09.2022 со почеток во 13.00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.