Младинките овој викенд ќе го го играат првото пролетно коло во 2023 година, во оваа рунда црвено-црните девојки се домаќини.
Избраничките на Александар Царчев, младинките на ЖРК Вардар ќе ја пречекаат екипата на РК Сани 14 во дуел од 4.коло во групата-А од младинската конкуренција. Натпреварот ќе се игра во салата „Круме Кепески“ во скопската населба Кисела Вода во недела, 12.март. Натпреварот е закажан со почеток во 14-00 часот.