Кадетите на Вардар како гости кај РК Аеродром дојдоа до победа. Момците на Зоран Петковски-Зенга триумфираа со резултат 29-39.
Бевме рамноправни на почетокот до резултатот 2-2, потоа следеа минути на црвено-црните. Противникот влезе во лоша серија, тоа го искористи нашиот тим поведе со шест гола позитива, односно со резултат 4-10. По овој момент со умна игра гол за гол ја чувавме предноста, на одмор заминавме со резултат, 11-17.
Успеавме со серија 0-4 да тргнеме во вториот дел, па дојдовме до двоцифрена позитива, 11-21. До крајот немаше кај ривалот сили за нешто повеќе, бевме подобри со резултат 29-39.
Кај нас со 16 гола убедливо најдобар беше Томислав Стаменов.