Во Охрид, по победата на црвено-црните во финалето од Купот на Македонија, Ракометната федерација на Македонија ги прогласи најдобрите на Ф4-турнирот.
Сите трите награди заминаа во рацете на вардарци. Борко Ристовски беше прогласен за најдобар голман, Дејан Манасков е најдобар стрелец, додека Бразилецот Леонардо Дутра е прогласен за МВП на завршницата.