Во третата кошаркарска лига на Македонија учествуват 7 екипи , Вардар успеја да оствари одлични резултати со победа над 5 конкурента и со само еден пораз .Вардар ја почна сезоната подоцна со стартот на второто коло бидејќи во првото коло беше слободен и тоа со тесен пораз од 69-67 со тимот на Ангели . Во следните 5 кола Вардар по лошиот старт оствари перфектен скор од 100% со победа на сите мечеви до крајот на есенскиот дел и се искачи на врвот на табелата. Продолжението на лигата е закажано за февруари но Вардар е повторно слободен во осмото коло и за него прв пролетен меч е закажан на 07 март со тимот на Ангели.