Дури шестмина ракометари на црвено-црните кои настапуваат за екипите на РК Вардар и тимот на РК Вардар јуниор се дел од поширокиот список на селекторот на машката сениорската репрезентација Лино Червар. Момците се повикани за собирот кој е планиран во понеделник на 3 октомври во градот Охрид.
Истиот таков собир претходно беше организиран и во градот Битола. Списокот на потенцијални репрезентативци ги содржи имињата на следните црвено-црни момци: Тоше Ончев, Иван Димитровски, Мартин Поповски, Мартин Манасков, Дејан Кукуловски и Стефан Трпчевски. Во план се три вакви собири есенва во различни градови на Македонија. Нивната цел е повеќе ракометари да бидат повикани и кои се на поширокиот список на потенцијални репрезентативци. Целиот список на повикани ракометари за црвено-жолтиот сениорски тим може да го погледнете- тука.