Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Младинците на Рк Вардар со победа го стартуваа вториот дел од сезоната
Младинците на Рк Вардар со победа го стартуваа вториот дел од сезоната

Младинците на Рк Вардар со победа го стартуваа вториот дел од сезоната

Денеска вториот дел од сезоната го започнаа и младинците на Рк Вардар. На гостувањето во Ресен забележаа убедлива победа, против екипата на Преспа. Уште на почетокот Вардаровите надежи ја направија разликата, па продолжението од натпреварот го одиграа рутински. На пауза се замина со предност од 11:22. Конечниот резултат гласеше 19:37.

Најпрецизни во нашата екипа беа Мартин Димов со 7 гола. Тоше Ончев даде 4, и Александар Димовски 3 голови. Ова беше седма победа за Вардар во исто толку натпревари. Минатиот викенд младинците беа слободни. Во следното коло на домашен терен ја пречекуваме екипата на Рк Прилеп.