Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Екипата на Ѓорче, лесен тренинг за Жрк Вардар
Екипата на Ѓорче, лесен тренинг за Жрк Вардар

Екипата на Ѓорче, лесен тренинг за Жрк Вардар

Нема многу одмор за црвено-црните девојки. После големата победа против Ѓер во ЛШ, вечерва одиграа натпревар во рамките на Супер лигата против екипата на Ѓорче. Мечот се одигра во малата сала во С.Ц. Јане Сандански и заврши со голема победа од 35:17. Кастратовиќ реши да ги одмори поголем дел од играчите кои настапија на саботниот дуел, па на овој меч излезе со комбиниран состав. Единствено Кликовац , Ихнева , Хмирова, Зебиќ и Черноиваненко беа дел од ростерот за овој натпревар. Уште по првото полувреме имавме предност од 18:11.

Во вториот дел им дозволивме на гостинките да постигнат само шест гола. Многу повеќе шанса за игра добија Митова, Стојановска, Грбиќ и Петковска која беше одлична на голот. Својата минутажа максимално ја искористи и пикерот Гакидова која беше најпрецизна наша ракометарка со 8 голови. Черноиваненко и Ихнева постигнаа по 6. Хмирова полека се враќа во ритам псоле долгата пауза од повреда. Ова беше како последен тренинг и последна увертира пред решавачкиот меч со Ѓер во Унгарија. Вардар има 100% ефект во Супер-лигата, со 15 победи од исто толку одиграни натпревари.

Фото:Жрквардар мк.