Зимскиот турнир на Вардар „Еден живот, една љубов″ кој се одржува по четврти пат од формирањето на Ракометната академија Вардар денес го има првиот натпреварувачки ден. На истиот се играат натпреварите во категоријата 2004/2005 кај женските и машките. Дамите играат во салата на СЦ „Гоце Делчев″ во Илинден, веќе е одиграно две кола. Од првото коло утрово ви донесовме извештаи истите може да ги погледнете на следниот ЛИНК! Кај дамите има осум учесници кои се поделени во две групи ( “А“ и “Б“), тие ќе одиграат денес три кола односно цела групна фаза. Вторите кола ги донесоа следните дуели натпревари:
Eкипата на РК Будимир Вардар дојде до победа во соочувањето со тимот на ГРК Гостивар Вардар со резултат 14-10. Први со гол овој дуел го отворија гостиварчанки по што во 5.минута поведа и со 1-3 на овој натпревар. Следеше тајм-аут за екипата на Будимир и пеколен период во продолжение. Тие ги затворија сите приоди кон нивниот гол и со серија 5-0 поведоа со 6-3. Нивниот ривал успеа во финишот да намали на 6-5 пред паузата. Во вториот дел од минута во минута девојките на Будимир го зголемуваа водството па на крајот триумфираа с плус четири, 14-10. Самандова Јована со 5 гола беше прв стрелец кај победникот, Јана Бошковска кај поразениот имаше 4 гола.
Во вториот дуел екипата на РК Ѓорче Петров Вардар беше совладана од екипата на РК Кале Вардар од Кичево со 7-15. На почетокот кичевчанки поведоа со 0-3, предност која ја сочуваа и во влезот на последните пет минути од првиот дел кога водеа со 3-6. Во последните минути од првиот дел со два гола тие на одмор заминаа со “плус пет“ 3-8. Вториот дел беше рутина на поискусната екипа која го задржа водството, а во финишот и го зголеми. На крај кичевчанки победија со “осум плус“, 7-15. Кај нив пак блесна Стефаноска Сара која имаше 11 гола на овој дуел.
Екипата на РК Опш.К Вода Вардар лесно и со висока предност ја свлада екипата на РК Ангели Вардар, тие триумфираа со 20-3 на овој дуел. Првиот дел беше приказна за себе, поискусната екипа на Опш.К Вода Вардар 10-0 ги доби првите 15.минути на овој дуел од групата-Б. Вториот дел беше чиста фоормалност за овој натпревар, повторно Опш.К Вода Вардар постигна десет гола, само што овој пат тимот кој е дебитант, Ангели Вардар успеа да постигне три погодоци во овој дуел. Кај победникот Матеа Алебиќ беше најефикасна со 7 гола.
Во последниот дуел од 2.коло екипата на РК Делчево Вардар пак со пресврт дојде до победа, овојпат со тимот на РК Асови Вардар од Кичево со резултат 16-12. На почетокот делчевки постигна два гола за предност 2-0, потоа следеше серија 1-5 со која предноста ја преземаа кичевчанки и поведоа со 3-5. Тие ја зачуваа предноста и на одмор отидоа со водство од 6-7. Вториот дел почна пеколно со серија 6-0 на РК Делчево по која тие поведоа со 12-7, по што веќе немаа намера да ја изгубат предноста. Тие играа мудро и успеаа да дојдат до победа до крајот на овој дуел. Кај нив први стрелци беше Теодора Тодоровска и Деника Спасевска со по 5 гола, Миладнинсока Робертина кај поразените имаше 3 гола.