Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > Author Archives: Д.Гогов (page 131)

Author Archives: Д.Гогов

Комитски собир во 13:30ч во Ѓорче

komiti-6

Комитите ги повикуваат сите свои членови да дојдат и да присуствуваат на денешниот натпревар во населбата Ѓорче Петров, каде се игра дуелот на Македонија ЃП и лидерот Вардар. Поради добрите резултати и првото место, очекуваме попладнево да има Вардар силна поддршка од трибините. Дуелот започнува од 14 и 30 часот. На ваше барање! Собир: 13:30ч. ПАРК во Ѓорче Петров. Искористете ... Read More »

ФОТО: Комити и Вардарци со поддршка за Мартина

73209066_10219921270451458_9203681183760646144_n

Тренерот на ФК Вардар, Александар Васоски, оваа фотографија ја постави во коментар на објавата од Комити Скопје со поддршка за Мартина. Нејзиното име е Мартина Лангковски (Martina Langkowski), родена во Варбург (Warburg) на 20.09.1965г., верен навивач на Шалке 04, подеднакво верна на црвено црните бои на Вардар, силен поддржувач за решавање на Македонското национално прашање во корист на Македонија. Оваа ... Read More »

ФОТО: Игоре, ти не можеш без Скопје и Вардар!

vardarfans-karacic

Игор Карачиќ не може без Скопје и Вардар. Легендата на Европскио шампион повторно се врати во нашиот главен град, овој пат да ја лекува повредата на градниот кош со лекарскиот тим на „црвено-црните“. Оваа можност Карачиќ не ја пропушти и веднаш замина на тренингот на Вардар да ги посети своите стари колеги. По тренингот, средниот бек постави фотографија со својот ... Read More »

Ставрев главен судија во Ѓорче

vardarfans-stavrev

Ставрев Александар од Скопје е делегиран да ја суди скопската пресмета во сабота на која се среќаваат Македонија ЃП и тимот на Вардар. Помошници на Ставрев Александар на овој дуел ќе му бидат Кировски Марјан и Костадинов Дејан, а четврти судија ќе биде Младеновски Марјан, сите од Скопје. Делегат на дуелот предвидено е да биде Мантароски Кронислав од с.Големо Коњари. Дуелот на Македонија ЃП и Вардар се игра в ... Read More »

Неколку проблеми за Васоски пред саботниот дуел

novak-fkv

Тренерот на Вардар, Александар Васоски се соочува со неколку проблеми пред саботната пресметка со екипата на Македонија ЃП. Поради проблеми со препоните, на овој натпревар во тимот на лидерот ќе го нема искусниот дефанзивец Евгениј Новак. Ова значи дека Најдовски, или пак Серафимов ќе го сочинуваат стоперскиот тандем заедно со Тошевски и Младеновски. Покрај Новак, уште еден играч на Вардар ... Read More »

Никогаш заборавен, Тоше!

fgdrs

Точно на овој кобен датум почина најголемиот македонски пејач Тоше Проески. Тага, неверување, плач.. вака беше на овој ден 16.10.2007 година, кога сите шокантно ја дознавме веста за нашиот голем човек. Знаеше да направи вистински хит песни какви што никој македонски пејач не би ги направил ден денеска. Го сакаше и зборуваше за него цела Европа. Почна да се прочујува ... Read More »

Ќе биде супер – дуел, во Ѓорче се среќаваат најефикасните тимови во ПМФЛ

fkv

По еднонеделна пауза, повторно се враќаат возбудувањата во Првата фудбалска лига на Македонија. Во новото, десетто коло, лидерот на првенствената табела Вардар, одново игра дерби дуел, овој пат во Ѓорче кај тимот на Македонија ЃП кој игра одлично оваа сезона и се наоѓа на треттата позиција на табелата со пет бодови заостанување зад „црвено – црните”. Дека в сабота не ... Read More »

Тошевски и Серафимов со настапи за Македонија

tosevski-fkv

Играчите на ФК Вардар, Кристијан Тошевски и Никола Серафимов вчера запишаа настапи за селекциите на Македонија во победите над Словенија, односно Црна Гора. Кристијан Тошевски доби шанса од клупата за резерви и ги одигра последните 13. минути од дуелот против Словенија. На крајот, Македонија се радуваше на победа. На овој дуел, Младеновски остана на клупата за резервни играчи. Селекцијата на ... Read More »

Салах и Брунер на дуелот Вардар – Кил

arthur2

ЕХФ делегираше судиска двојка од Швајцарија да ја дели правдата на саботната дерби пресметка во Скопје на Вардар и Кил. Судии на утрешниот дуел ќе бидат Артур Брунер и Морад Салах, а ЕХФ делегатот ќе доаѓа од Чешка, неговото име и презиме е Јири Конечни. Очекуваме фер и коректно судење од оваа искусна судиска двојка, која на многу наврати му ја има делено правдата на ... Read More »

Честити 11 октомври, Ден на народното востание

1024px-liberators_skopje_nob-660x330-660x330-660x330

Денес е 11 Октомври — државен празник. Денес се празнува „Денот на востанието на Македонија“ или „Денот на народното востание на македонскиот народ”. Востанието на денешен ден е дигнато против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала ... Read More »