Saturday ,19 October 2024
Последни:
Home > Author Archives: Д.Гогов (page 216)

Author Archives: Д.Гогов

Вардар за два часа на дуел со Херманштад

fkv-nov-tim-pobeda-slovenija

За околу два часа тимот на Вардар ќе го одигра претпоследниот пријателски дуел на летните подготовки во Словенија. Денеска Вардарци ќе ги одмерат силите со тимот на Херманштад од Романија. Херманштад е нов прволигаш на Романија, откако изминатава сезона заврши како второпласиран во втората по ранг лига. Интересно е тоа што во овој тим нема ниту еден играч од странство, целиот тим ... Read More »

(ВИДЕО) Наместо тренинг, Вардаровите фудбалери попладнево имаа прошетка низ Зрече

fkv

Наместо тренинг, Вардаровите фудбалери попладнево имаа прошетка низ Зрече, каде што имаа можност да се запознаат со убавините на ова место. Играчите, стручниот штаб и останатата експедиција, имаа можност да прошетаат околу Зрешкото Езеро кое нуди убава можност за релаксација. Видео:   Read More »

(ВИДЕО) Головите на Лира, новиот играч на Вардар

lira-fkv

Како што напишавме вчера, нов играч на Вардар кој веќе се приклучи на подготовките во Словенија е Вилијан Лира (24) од Бразил. Се работи за напаѓач кој во досегашната кариера има постигнато преку 35. голови на официјални натпревари. Како што може да се забележи на ова видео, главна одлика на Лира е играта со глава. Read More »

Вилијан Лира пристигна во Словенија!

lira-fkv

Денеска на подготовките на Вардар во Словенија се приклучи нов играч. Се работи за Вилијан Лира (24) од Бразил. Лира е бразилски напаѓач, ланската сезона ја мина како позајмен во Сао Бернандо. Во својата кариера освен во бразилското првенство има настапувано и во Индонезија, во редовите на Барито Путера. Добредојде во Вардар за Лира!  Read More »

ФК Вардар овој викенд ќе го засили уште еден дефанзивец!

manev

ФК Вардар овој викенд ќе го засили уште еден дефанзивец. Нов играч на “црвено – црните” и дефинитивно е Коста Манев, 25-годишен нашинец кој доаѓа од ПС Кеми од Финска. Манев игра во дефанзивата, покрај на стоперската позиција може да одговори и како лев бек. Во досегашната кариера покрај за Кеми, има настапувано и за екипите на Интер Турку, ПК-35, Хонка, Викингит, Клуби 04, сите ... Read More »

Тодороски: Навистина е чест и привилегија да се биде капитен на најдобриот македонски клуб

18280-mladite-vardarci-vo-uloga-na-kapiteni-golema-chest-i-odgovornost

Младите Никола Серафимов и Тодор Тодороски имаа можност на овие летни подготовки да ја носат капитенската лента на Вардар. Двајцата за клубскиот сајт ги истакнаа импресиите по оваа голема дадена одговорност. Никола Серафимов, беше носител на капитенската лента низ младинските категории на Вардар, а сега со 18 години доби шанса да се најде и во таа улога и кај сениорите на ... Read More »

Херанц е нов играч на ФК Вардар!

herranz-patronato-600x320

Николас Хозе Херанц е нов играч на ФК Вардар. Херанц доаѓа во Вардар како слободен фудбалер откако му заврши договорот со неговиот клуб Олимпо. Херанц е централен дефанзивец, во својата кариера покрај за тимот на Олимпо, има настапувано и за Розарио. Ова ќе биде прв Аргентинец кој потпишува официјален договор со нашиот тим. Фото: И неговиот веќе поранешен тим го потврди заминувањето во ... Read More »

Марковиќ си заминува од Вардар

14185-vanja-markovikj-e-novo-zasiluvanje-na-vardar

ФК Вардар се буди, најавени се три до четири нови имиња, а повеќе дел од тимот нема да биде ниту Вања Марковиќ кој се разделува со нашиот тим. Марковиќ извесно беше дека ќе си замине од Вардар уште кога заврши сезоната, но, изненадувачки се појави на првиот тренинг ова лето.. сега веќе е јасно дека Вардар останува без 24-годишниот играч ... Read More »

Вардар загуби од Балзан со резултат (4:2)

fkv

Вардар го доживеа вториот пораз во Словенија. Денеска во еден лош натпревар, Вардарци загубија со резултат 4:2 (3:0) од тимот на Балзан од Малта. Следниот пријателски дуел е против Херманштад од Романија в петок. Вардар одигра разочарувачко прво полувреме и прими дури три погодоци од Балзан. Нашиот тим првиот гол го прими во 38. минута, кога еден играч на противникот ... Read More »

Разочарувачки, Вардар губи со 3:0 од Балзан

fkv-popov

Разочарувачки, Вардар на полувреме губи со високи 3:0 од тимот на Балзан од Малта. Иако Вардар игра со речиси втор состав, сепак, овој резултат е многу висок со оглед на тоа што Балзан не е некоја екипа со голем број квалитетни играчи. Нашиот тим првиот гол го прими во 38. минута, кога еден играч на противникот од над 30. метри ... Read More »