Тимот на Вардар денеска ќе го одигра и петтиот пријателски дуел во Словенија, противник ќе ни биде тимот на Балзан од Малта. Балзан исто како и нашиот тим се подготвува за настапите во квалификациите за Лигата на Европа. Овој тим изминатава сезона заврши како второ пласиран во својата фудбалска лига зад Валета со три бодови заостанување. Тимот на Балзан е составен ... Read More »
Author Archives: Д.Гогов
(ВИДЕО) Прв пораз во Словенија и анализа на Бабунски
Вардар го доживеа првиот пораз во Словенија. “Црвено – црните” одиграа натпревар под својот просек па така со резултат 0:1 (0:0) го загубија дуелот од Оренбург. Видео од најинтересните мигови на натпреварот, а потоа и изјавата на Бабунски по завршувањето на мечот и неговото видување за овој натпревар. Read More »
Вардар одигра натпревар под својот просек, пораз од Оренбург
Вардар го доживеа првиот пораз во Словенија. Денеска “црвено – црните” одиграа натпревар под својот просек па така со резултат 0:1 (0:0) го загубија дуелот. Противникот постигна гол пред самиот крај, односно во 88. минута. За прв пат на подготовките во Словенија, Вардар не постигна гол во првото полувреме, дуелот со Оренбург заврши без голови 0:0. Мора да се признае дека ... Read More »
Кировски со деби настап за Вардар
Иако сеуште не е официјално претставен како нов играч на Вардар, голманот Александар Кировски во овој момент го има дебито во новиот “црвено – црн” дрес. Кировски во игра влезе во 46. минута во сега веќе својот новиот тим против Оренбург, на кој го замени Филип Гачевски кој бранеше во првиот дел. Моменталниот резултат на дуелот е 0:0. Му посакуваме успешни настапи на Кировски во нашиот тим. Read More »
Алексовски го напушти Вардар
23-годишниот голман Игор Алексовски не е повеќе голман на Вардар. Двете страни се договорија на спогодбен раскин на договорот, една година пред истек на истиот. Алексовски веќе ја напушти „базата“ на Вардар во Словенија. По доаѓањето на новиот голман Кировски (кој сеуште не е официјално претставен од клубот), јасно беше дека Вардар ќе се откаже од еден голман. Сега голманската ... Read More »
(ВИДЕО) Минува и 11 ден во Словенија
Минаа веќе 11. дена каде во Зрече екипата се подготвува за настапот во Лигата на Европа, а формата се темпира и низ контролни натпревари. До сега беа одиграни три со биланс од две победи и еден нерешен резултат, а веќе денеска ќе се одигра четвртиот со рускиот тим Оренбург. Како се тренира можете да погледнете низ овој видео материјал од Словенија: Read More »
Пјуник со пет нови засилувања се подготвува за дуелите со Вардар
Тимот на Пјуник се засили со пет нови играчи пред дуелите со нашиот Вардар во Лигата на Европа. Нови играчи на Ерменците се: голманите Евгениј Кобозев од Русија и Андрија Драгојевиќ од Црна Гора, потоа играчите од средината на теренот Максим Трушевчук и Максим Жестоков од Русија, како и играчот од БСК Мохамед Конате, кој е напаѓач и доаѓа од редовите на Гомел од Белорусија. ... Read More »
Оренбург следен противник на Вардар
Вардарци утре ќе го одиграат и четвртиот пријателски дуел на подготовките во Словенија. За разлика од минатите три дуели кога нашиот тим играше против екипи од Словенија, овој пат ќе одигра дуел против Оренбург од Русија. Оренбург е нов руски прволигаш откако изминатата сезона беше шампион во втората по ранг лига на Русија. Противникот на Вардар е составен воглавно од ... Read More »
Попов: Новите играчи одлично се вклопија во тимот, а тука се и младите кои имаат квалитет, и сега само треба да се надоградуваат
Горан Попов, носителот на капитенската лента на Вардар ги искажува своите импресии од подготовките, од пријателските натпревари, и секако искажа свои очекувања од средбите на Вардар во Лигата на Европа. Како си задоволен од досегашниот тек на подготовките на екипата во Словенија? „Можам да кажам дека сум презадоволен од тоа како работиме тука во Словенија. Тренираме напорно, ги воигруваме сите ... Read More »
Кировски: Нема да ми биде тешко да се адаптирам на средината, со оглед на тоа што веднаш патувам за Словенија
27-годишниот Александар Кировски е новиот играч во редовите на Вардар. Кировски доаѓа во “црвено – црните” како слободен играч, а во минатото настапуваше за Чукарички, Земун и Црвена Звезда. Потпиша договор во важност од две години. “Драго ми е што станав дел од Вардар. Нема да ми биде тешко да се адаптирам на средината, со оглед на тоа што веднаш патувам за Словенија каде ќе ... Read More »