По ова коло имаме нов најдобар стрелец во редовите на ЖРК Вардар. По маестралната партија вчера, победата и постигнатите девет погодоци, ја направија Андреа Лекиќ најдобар стрелец во редовите на Македонскиот шампион. Лекиќ со овие вкупно девет погодоци вчера, стигна до бројка од вкупно 51 погодок, и лидер во нашата екипа. Радува играта на Лекиќ и формата, пред клучните натпревари ... Read More »
Author Archives: Д.Гогов
Официјално: Тамара Мавшар од следната сезона во ЖРК Вардар!
Официјално: Тамара Мавшар од следната сезона ќе биде нов ракометар на ЖРК Вардар. Најдоброто од Словенија доаѓа во редовите на црвено – црниот шампион. Таа доаѓа од екипата на Крим и настапува на левата крилна позиција. Тоа значи дека Мавшар е третото засилување на ЖРК Вардар за следната сезона по Херем и Лакрабер. 24-годишната Тамара Мавшар две години ќе биде во ... Read More »
Гледајте го ЖРК Вардар директно на МРТ-1
Денеска со почеток во 18 часот ЖРК Вардар гостува во Романија на тимот на Букурешт. Ова ќе биде директен дуел со тимот на Букурешт за третото место во нашата група. Овој интересен натпревар на нашиот првак ќе можете ексклузивно да го проследите на МРТ- 1 од 18 часот. 18.00 (МРТ-1) ракомет ЛШ жени: БУКУРЕШТ-ВАРДАР – (ком: З.ВИДЕВСКИ / Ј.КОСТОВСКИ) Read More »
Бруновски и Чанда ќе го судат денешниот натпревар на ЖРК Вардар
Денешниот натпревар помеѓу нашиот ЖРК Вардар и домаќинот Букурешт од Романија, ќе го суди познатата судиска двојка од Словачка. Се работи за искусните судии Бруновски и Чанда. Се надеваме дека овие судии коректно ќе си ја извршат својата работа. Делегат на овој натпревар ќе биде Дарко Репеншек од Словенија. Read More »
Прес-конференцијата в четврток
Од РК Вардар не известуваат дека прес-конференцијата за натпреварот со Кристијанштад ќе биде во четврток со почеток во 12 часот, во конференциската сала во СЦ. ”Јане Сандански”. Во истото се вели: Ве известуваме дека прес-конференцијата за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите помеѓу екипите на РК Вардар и ИФК Кристијанштад ќе се одржи в четврток (18 февруари) во 12:00 часот, во конференциската сала ... Read More »
Билети за натпреварот со Кристијанштад
Во сабота со почеток во 17 часот и 30 минути РК Вардар ќе го пречека тимот на Кристијанштад во рамките на Лигата на Шампионите. По тој повод од РК Вардар излегоа со информации околу билетите за овој натпревар. Продажбата на билети ќе се одвива на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”, секој работен ден од 10 до 18 часот, и онлајн на www.ticketplus.mk ... Read More »
Денковски трето засилување за ФК Вардар!
Младинскиот играч на Македонија Христијан Денковски, кој беше на проба во Анталија, потпиша договор се до крајот на сезоната. Христијан Денковски одигра еден солиден натпревар во Анталија, но поради повреда не настапи на останатите натпревари. Христијан Денковски се очекува да се наметнува на средината на теренот. Денковски има настапувано за Работнички, потоа замина во Словенија, па направи одличен трансфер во холандски Гронинген, ... Read More »
Ден одмор за ФК Вардар
ФК Вардар вчера вечерта пристигна во Скопје. Црвено – црниот тим предводен од Седлоски мина 25 дена на подготовки, каде ја билдаше формата за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. Според прикажаното, Седлоски би требало да биде задоволен од играта, особено од некој поединци, кој на овие подготовки сериозно се наметнаа кај шефот на стручниот штаб. Па така по пристигнувањето ... Read More »
(ВИДЕО) Сите голови на ФК Вардар во Анталија
Ви прикажуваме видео материјал од сите голови кои ФК Вардар ги постигна оваа зима на подготовките во Анталија. Уживајте во потезите, и мајсторските голови на: Попов, Фелипе, Блажевски, Нимани, Ќеран и сите останати. Видео: fkvardar.mk Read More »
Митјиланд загуби, Вардар со победа на +5 од опасната зона
Тимот на Митјиланд од Данска загуби овој викенд, што значи дека нашиот првак ЖРК Вардар со победа издвојувана утре против Букурешт, ќе се одлепи на +5 во однос на Митјиланд, и местото кое ни носи понатамошни натпревари. Овој викенд Митјиланд беше поразен од Савехов со резултат 32-24, ова беа први бодови за Савехов, а Митјиланд остана на пет. Лидерот во нашата група Будуќност, на ... Read More »