В петок ЖРК Вардар ќе го одигра последниот натпревар од главната групна фаза пред 1/4 финалето. Нашиот тим по победите над Савехов дома, Букурешт и Будуќност ќе оди на уште една победа против последно пласираниот тим во нашата група Савехов. На овој натпревар судиската двојка ќе ни доаѓа од Грција. Се работи за Бетман и Таферопоулос. Се надеваме дека оваа ... Read More »
Author Archives: Д.Гогов
Почна да тренира и Хмирова
Уште една позитивна вест ни пристигна од таборот на ЖРК Вардар. Имено, Хмирова по операцијата на коленото е добра и започна со тренинзи со екипата. Како што знаеме ”Тата” поради операцијата на коленото беше надвор од терените еден месец. Очекуваме Хмирова да биде подготвена за 1/4 финалните натпревари на Вардар. Хмирова за официјалниот сајт на ЖРК Вардар даде изјава, па ви ... Read More »
Се ”буди” и Барбара Лазовиќ
Почна да се ”буди” и Лазовиќ. На дерби натпреварот од Лигата на Шампионките против Европскиот првак Будуќност видовме на дело некоја нова Барбара Лазовиќ. Популарната Барби одигра меч за паметење, му даде шест погодоци на Европскиот првак и со самото тоа беше и најдобар стрелец во нашиот тим и на натпреварот заедно со Булатовиќ која исто така постигна шест погодоци. ... Read More »
Блажевски најдобар стрелец во Вардар, Ќеран влегува во гол форма!
По ова одиграно прво пролетно коло, или вкупно 19-есето во ФК Вардар имаме нов стрелец кои се запиша во листата на стрелци оваа сезона. Тоа е Драган Ќеран новиот напаѓач на ФК Вардар. Ќеран на деби настапот за Вардарци постигна два погодоци пред своите нови навивачи. Од дрга страна пак, Дејан Блажевски откако влезе на теренот во 46 минута, успеа ... Read More »
Победа! Вардар Јуниор ќе патува со три голови предност во Украина
ЖРК Вардар Јуниор го одигра првиот, од вкупно двата историски натпревари за влез во 1/2 финалето од Челинџ купот. Младите Вардарки одиграа одличен натпревар против тимот на Карпати од Украина и го добија со резултат 22-19, тоа значи дека нашите младите девојки ќе патуваат за Украина со три голови предност. Натпреварот во првите десет минути се играше гол за гол, во ... Read More »
Црвено – црн викенд
Овој викенд беше дефинитивно црвено – црн викенд. Сите три главни екипи на Вардар издвојуваа многу значајни и пред се тешки победи. ФК Вардар ја имаше најлесната задача пред своите гледачи да го победи тимот на Ренова од Тетово. Вардарци тоа го направија на многу професионален начин, вчера на Арената Филип II убедливо беше совладан тимот на Ренова со 4:1. ... Read More »
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Вардар убедливо ја започна пролетта
ФК Вардар убедливо ја започна пролетта. Црвено – црните убедливо го добија воведното коло во ПМФЛ, вчера на Градскиот стадион совладан беше тимот на Ренова со резултат 4:1, со што се зацврстивме на лидерското место на табелата. Ви ја прикажуваме нашата фотогалерија од овој натпревар. Read More »
ЖРК ВАРДАР го победи Европскиот шампион Будуќност!
Пред повеќе oд 4.000 гледачи Вардар и Будуќност ги одмерија силите по втор пат оваа сезона. Конечно ЖРК Вардар го победи Будуќност во својот десети меѓусебен дуел. Честитки за нашите девојки, кои ја забележаа третата победа во низа. Натпреварот започна добро за нашиот тим. Лазовиќ започна во добро издание, постигна 2 погодоци, од 2 обиди. По десет минути игра Вардарки ... Read More »
Состави Вардар – Будуќност
За денешната дерби пресметка со Будуќност, дуото Инди – Давид се одлучи за следните ракометарки: Алтхаус, Черноиваненко, Човиќ, Дамњановиќ, Дембеле, Грбиќ, Ихнева, Кликовац, Лазовиќ, Лекиќ, Лејно, Пенезиќ, Радичевиќ, Ристовска, Сокач, Суслина. Додека пак противничкиот тренер се одлучи за следните ракометарки: Биздра, Булатовиќ, Цавловиќ, Цвијиќ, Иман, Јауковиќ, Мехмедовиќ, Неагу, Ненезиќ, Павичевиќ, Раичевиќ, Ждериќ, Рамусовиќ и Павичевиќ. Read More »
Можни состави за денешниот натпревар против Ренова
За неколку часови ќе започне првенствениот натпревар помеѓу шампионот на Македонија ФК Вардар и тимот на Ренова од Тетово. За овој натпревар Гоце Седлоски нема да може да смета на Горан Попов кој го одработува последниот натпревар од суспензијата. На голот дефинитивно ќе биде Томе Пачовски, одбрамбената четворка ќе ја сочинуваат Хамбарџумјан, Глишиќ, Грнчаров и Мијушковиќ. Во средниот ред треба да ... Read More »