Во сабота ќе се одигра одложеното второ пролетно коло од детската фудбалска лига, кое изминатиов викенд беше одложено поради лошите временски услови. Активни ќе бидат сите генерации на ФК Вардар, кои ќе одиграат вкупно 12 натпревари. Вообичаено помалите генерации играат на терените на ФК Работнички, додека повозрасните на терените на ФФМ. Ви го претставуваме распоредот на одигрување натпревари за вардаровите ... Read More »
Петлиња
Познати се противниците во 1/2-финалето на Купот за четири млади генерации на ФК Вардар
Четири генерации на фудбалскиот клуб Вардар ќе играат во полуфиналето на купот и ќе се борат за трофејот во ова натпреварување. Веќе се познати противниците на сите вардарови екипи во оваа елиминациска рунда, последна пред големото финале. Вардаровата генерација родени “2003“ година која е лидер во регионалната – скопска лига, за противник во полуфиналето на националниот куп ја доби екипата ... Read More »
Познати термините за одложените натпревари од 17 првенствено коло кај младинските категории и во регионалната- скопска лига
Познати се термините за одложените натпревари во рамките на 17 коло во првенството на младинските фудбалски категории, како и во редовното коло од регионалната – скопска лига, кое исто така беше одложено изминатиов викенд поради лошите временски услови. Своите мечеви од 17 коло, пионерските екипи ќе ги одиграат во текот на утрешниот ден, кога на теренот на Академијата ќе ја ... Read More »
Одложено колото во првенството на младинските фудбалски категории, во регионалната – скопска лига, како и детската лига
Поради лошите временски услови, одложени се натпреварите од 17 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Генерациите на ФК Вардар претстојниов викенд требаше да ги одиграат своите мечеви против екипата на Милано, но истите се одложени. Одложеното коло за помладите пионери и пионери најверојатно ќе се одигра во вторник на теренот на академијата, додека за кадетите и младинците кои треба ... Read More »
Во недела, вардаровите генерации “2003“ и “2004“ се среќаваат со екипата на Милано
Во недела, ново коло во регионалната – скопска лига ќе одиграат генерациите на ФК Вардар родени 2003 и 2004 година. Противник е екипата на Милано, а мечевите ќе се одиграат во Куманово, во термините од 09:00 и 11:00 часот. Вардаровата генерација родени “2003“ година има две последователни победи во пролетниот дел и се очекува оваа серија да ја продолжи и ... Read More »
Во сабота и недела ќе се одигра второто пролетно коло во детската фудбалска лига
Претстојниов викенд ќе се одигра второто пролетно коло во детската фудбалска лига. Освен генерацијата родени “2007“ година, за која ова е слободно коло, сите останати генерации на ФК Вардар ќе имаат натпревари. Во сабота на терените на ФК Работнички ќе се одиграат натпреварите за генерациите родени 2008, 2009 и 2010 година, додека во недела на терените на ФФМ второто коло ... Read More »
Првото пролетно коло успешно за вардаровите екипи во детската лига
Изминатиов викенд се одигра првото пролетно коло и во детската фудбалска лига, а вардаровите генерации одиграа вкупно 12 натпревари, на кои беа постигнати 9 победи, еден нерешен резултат и два порази. Најубедливиот триумф во првото пролетно коло го имаше екипата на Вардар (1) од генерација родени “20о5“ година кои славеа во дуелот со Викторија, убедливо со резултат 22:0. Нивниот братски ... Read More »
(Фотогалерија) Од двата дуели на генерацијата 2009
Вчера на терените на фудбалскиот клуб Работнички во Градски Парк, се одигра првото пролетно коло кај генерација 2009 во детската лига. Ова коло двете екипи на Вардар предводени од Златко Таневски забележаа порази. Фото: Read More »
(Фотогалерија) Од генерацијата 2008 на Вардар
Вардаровата генерација родени “2008“ година со победа и нерешен резултат го стартуваа пролетниот дел од сезоната во детската фудбалска лига. Ви ја претставуваме фотогалеријата од ова коло. Фото: Read More »
(ФОТО) Вардаровата генер. “2003“ убедливо ја победи екипата на Скопје
Генерацијата родени “2003“ година на ФК Вардар стигнаа до својата 12 победа во рамките на регионалната-скопска лига. Црвено-црните славеа во дуелот со екипата на Скопје, со резултат од 5:1. Хет-трик постигна Александро Прелоговски, додека по еден гол беа дело на Алек Сељанац и Влатко Стојановски. Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар: Read More »