За неполни два часа во Тетово започнува комплетното второ пролетно коло во ПМФЛ. Тимот на Вардар исто како и минатата недела гостува под Шара, овој пат кај секогаш незгодната Ренова. Вардарци немаат победа од декември месец минатата година, па денеска сигурно дека ќе сакаат таа серија да ја прекинат со победа против “гипсарите”. Ренова покажа дека е квалитетна екипа против ... Read More »
Прв тим
Ставрев главен судија под Шара
Александар Ставрев е делегиран за главен судија на натпреварот под Шара на кој играат Ренова и Вардар. Помошници на Ставрев ќе му бидат Кировски Марјан и Костадинов Дејан. Четврти судија ќе биде Василевски Даниел, сите доаѓаат од Скопје. Се надеваме дека овој пат нема да имаме судење како на дуелот со Шкендија на истиов стадион и дека судењето ќе биде на задоволително ниво. Дуелот под Шара ... Read More »
Брдаровски и Најдовски ќе ја прескокнат Ренова
Вардар значително ќе биде ослабен на неделниот натпревар во Тетово кај Ренова. Дефанзивецот Владица Брдаровски и играчот за врска Филип Најдовски ќе го прескокнат овој дуел поради акумулирани пет жолти картони. Ова значи дека местото на Брдаровски ќе го завземе Тошевски, додека пак на средината на теренот на местото на Најдовски по се изгледа ќе игра младиот Али Адем, или пак ... Read More »
Симев: Бараме виновникот да биде санкциониран, се надевам дека ваква болна грешка нема да почувствува ниту еден друг клуб во иднина
Директорот на ФК Вардар, Самоил Симев, во ексклузивно интервју за Gol.mk говори за сите неправди кои му се нанесоа на нашиот тим во текот на оваа сезона, посебно се мисли на оние два дуели против Шкендија во Скопје и оној во неделата во Тетово. „По преспиена ноќ и по многу разговори како со управата, така и со нашите пријатели и поддржувачи ... Read More »
Васоски: Зашто да го губиме нашето здравје од нервози за неправдите кои ни се нанесуваат
Александар Васоски, стратегот на Вардар, беше видно лут по натпреварот со Шкендија кој „црвено-црните“ го загубија минимално (1-0). Откако главите малку се оладија, тренерот на Вардарци се обрати преку својот Фејсбук профил. Фото: Read More »
(ФОТО) Гачевски: Срамота!!! Дали вреди да се игра против Шкендија, втор пат сме оштетени, ФФМ дали гледате??
Капитенот на ФК Вардар, голманот Филип Гачевски видно изреволтиран од кражбата во Тетово на мечот со Шкендија, нешто што се повторува втор пат по ред во меѓусебните дуели остро реагираше. Тој сосема со право искажа голем револт од неправдата по непризнаениот чист гол од судијата Мечкаровски (фото). Read More »
НА ВАРДАР МУ Е ОДЗЕМЕН ЕДЕН БОД, ДЕНЕСКА ВО ТЕТОВО РЕЗУЛТАТОТ ПО 90.МИНУТИ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ 1:1
Вардар загуби во Тетово денеска со резултат 1:0. Според правилата на фудбалската игра попладнево во Тетово требаше резултатот по 90. минути да биде 1:1, но судиите не му признаа чист погодок на Филип Најдовски во 39. минута од натпреварот. По првиот дел домаќинот имаше предност од 1:0, иако на полувреме требаше да биде 1:1. Шкендија во првиот дел ја имаше ... Read More »
ФОТО: Вардар повторно оштетен, чист погодок не е признат на Најдовски!
На Вардар му се случи нова неправда на дуел со Шкендија. Во 39. минута од денешниот дуел Филип Најдовски упати бомба удар од 40-сетина метри, топката од пречката се одби во голот зад грбот на Захов, сите ја видоа во мрежата освен судиите на овој натпревар. Голема неправда! Oва е втор пат во една сезона нашиот тим да биде оштетен ... Read More »
(Видео линк) Шкендија – Вардар
За околу 20-сетина минути започнува дерби дуелот во Тетово на кој се среќаваат Шкендија и Вардар. Видео стрим за овој дуел ОВДЕ. *Линкот е превземен од ФФМ. Read More »
Мечкаровски судија на Шкендија – Вардар
Еден од нашите најдобри судии Димитар Мечкаровски ја доби довербата да биде главен судија на мечот меѓу Шкендија и Вардар. Помошници на Мечкаровски на овој натпревар ќе му бидат Неделкоски Дејан и Петрески Гоце од Скопје, четврти судија ќе биде Божиновски Никола исто така од Скопје. Очекуваме фер и коректно судење на овој дерби дуел. Натпреварот се игра утре во Тетово со почеток од 14.00 часот. Read More »