Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим (page 168)

Прв тим

Официјално: Грнчаров го менува Панчев и е новиот директор!

ФК Вардар не мирува. По исплатата на долгот официјализирана е уште една голема работа. Како што ни потврдија од клубот, довчерашниот капитен на Вардар, Бобан Грнчаров е новиот директор на ФК Вардар кој доаѓа на местото на Дарко Панчев. Бобан Грнчаров беше дел од онаа златната генерација на клубот која во есента 2017 година играше во групната фаза во Лигата на Европа и сигурни ... Read More »

Како што рековме – ВАРДАР ГИ ПОДМИРИ ДОЛГОВИТЕ!!

vasoski-fkv

Како што објавивме на нашата Фејсбук страна пред околу 40-сетина минути (види фото), ФК Вардар пред околу еден час ги подмири сите долгови кон УЕФА и ја избегна суспензијата од две години. По оваа спектакуларна вест, дознаваме дека Вардар сега тргнува по нови играчи, а прв на листата е Хуан Фелипе кој во следните неколку денови треба да пристигне во ... Read More »

Вардар поконкретен и подобар, но само ремизираше во дуелот со Подбрезова

51251542_2277004362514615_1466263626825334784_n

Денес го одигравме и петтиот контролен натпревар во Аланија. Екипата на Вардар одигра со нерешен резултат 1:1 во дуелот со екипата на Подбрезова од Словачка. Тренерот Васоски го стартуваше мечот со следниве 11-сетмина: Гачевски, Жуниор, Новак, Манев, Брдаровски, Мицевски, Димовски, Али, Цветановски, Лира и Колевски. Противникот од Словачка имаше почетна иницијатива на овој меч и имаше поголем посед на топка ... Read More »

Вардарци денеска против Подбрезова

fkv-lira

Фудбалерите на Вардар денескa ќе го одиграат петтиот пријателски натпревар на зимските подготовки во Аланија, денешен противник на црвено – црните ќе биде тимот на Подбрезова од Словачка. Се работи за тим кој доаѓа од првата словачка лига. Во овој момент се наоѓа на десеттата позиција на табелата од дванаесет екипи со само седумнаесет бодови или пет победи, две нерешени и дури ... Read More »

Вардар тестира играч од Јужна Кореја

51112682_363714900845464_6180601176103321600_n

Вардар тестира играч кој доаѓа од Јужна Кореја. Се работи за младиот 2о годишен Хјунг-јоон Ли, кој игра на средината од теренот. Ли влезе во игра во вториот дел денеска, а стручниот штаб на Вардар има веќе слика за овој играч. Хјунг-јоон Ли е дете на Мајнц, а во сениорската кариера има настапувано во германските нисколигаши Фонтана Финтен и Гинсхајм. Дали ќе ... Read More »

Вардар загуби и од Черно Море (2:0)

fkv

Вардар го загуби и четвртиот дуел во Аланија, откако денеска беше поразен од Черно Море со резултат 2:0 (1:0). На овој дуел, Васоски се реши да настапи со млади играчи кои не прикажаа ништо. Вардар по првиот дел имаше негатива од 1:0. Речиси и да не се закани нашиот тим по голот на противникот во првите 45.минути. Освен еден шут крајно ... Read More »

Антовски е нов играч на Динамо од Загреб!!

vardarfans-antovski

Довчерашниот играч на ФК Вардар, Филип Антовски е нов фудбалер на Динамо од Загреб! Ова е уште еден трансфер на млад потенцијал во Хрватска, откако од младинскиот погон во оваа земја заминаа Андреј Кировски (Динамо Загреб) и Христијан Димов (Интер Запрешиќ), а потпис на договор треба да стави и Тодор Тодороски со тимот на Осијек. Антовски пристигна во Вардар во 2016 година од ... Read More »

Тодороски пред трансфер во Осијек!!

todoroski-fkv

Наместо да носи нови имиња, од Вардар си заминува уште еден млад талент. Тодор Тодороски го напушти кампот на Вардар и замина на финални преговори со неговиот нов тим, Осијек. Тодороски важи за исклучително перспективен талент, па јасно беше дека на негова адреса ова зимо ќе доаѓаат добри понуди. Нашиот фудбалер беше поврзуван со тимот на Хајдук, но Осијек се чини ја заврши ... Read More »