Српскиот интернационалец Вања Марковиќ се прости од Вардар и си замина. Марковиќ потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“ но си оди порано од предвиденото. Од друга страна, Aлександар Кировски, новиот голман на Вардар, ќе брани како Македонец откако го доби потребното државјанство. Значи, во овој момент Вардар има вкупно седум странци. Read More »
Прв тим
Бала добива договор на две години
Данило Бала утре треба да пристигне во Скопје, а неговиот договор со ФК Вардар ќе биде во важност од две години. Исто така Бала ќе биде пријавен и за настапите во првото квалификациско коло против Пјуник на 12 и 19 овој месец. Read More »
Херанц, Манев и Лира ги минаа лекарските прегледи, Бала доаѓа во среда!
Полека но сигурно се потполнува ростерот на Вардар. Николас Хосе Херанц, Коста Манев и Вилијан Лира денеска ги минаа задолжителните лекарски прегледи и ставија потпис на договор со најтрофејниот македонски тим. Дознаваме дека Манев потпишал договор со нашиот тим на 1+1 година. По договорите, сите тројца играчи се упатија да го запознаат нивниот нов терен и стадион. Кога сме пак кај Данило Бала, дознаваме ... Read More »
Бабунски: Сега преостанува оној технички-тактичко дел пред натпреварите во Лигата на Европа, и сметам дека ќе бидеме добро подготвени
Шефот на стручниот штаб на Вардар Бобан Бабунски, е задоволен од престојот во Словенија и како одигра неговиот тим на пријателските, вкупно седум дуели. Тренерот на Вардар за клубскиот сајт изјави: „Јас сум задоволен од она што го покажа екипата на подготовките во Словенија. од работата на играчите од сите аспекти. Нашата идеја беше во овој период сите играчи да ... Read More »
Новата „кариока“ е Данило Бала
Како што Ви најавивме вчера, (види), во Вардар доаѓа нова „кариока“, трета во овој летен преоден рок. Се работи за младиот (25) годишен Данило Бала, брзоног фудбалер кој има 167 сентиметри и ќе игра на крилната позиција во тимот. Бала во среда пристигнува во Скопје, каде ќе ги има лекарските прегледи пред да потпише договор со нашиот клуб. Бабунски до 06 јули ... Read More »
ФК Вардар во среда се враќа со тренинзи, на комплексот во Хиподром
После враќањето од Словенија, каде црвено-црните ги одработија главниот дел од подготовките во Зрече, следниве два дена ќе бидат слободни за тимот на Вардар. Со тренинзи ќе продолжиме во среда наутро од 09:30 часот, и на комплексот во населбата Хиподром ќе се подготвуваме за двомечот против екипата на Пјуник, во рамките на квалификациите од Лигта на Европа. Првиот натпревар против ... Read More »
Во Вардар треба да пристигне уште една „кариока“
Вардар нема намера да застане со доведување на нови играчи. Покрај Николас Хосе Херанц, Коста Манев и Вилијан Лира, дознаваме дека “црвено – црните” договорилe уште еден играч од Бразил, кој е офанзивец и ако е се како што треба веќе утре се очекува да пристигне на прегледи во нашиот главен град. Со него, Вардар останува да ја потполни уште левата бековска ... Read More »
(ВИДЕО) Вардар со реми ги заврши подготовките во Словенија
Екипата на Вардар го одигра последниот дуел на подготовките со Словенија. Црвено-црните одиграа со нерешен резултат (1:1) во дуелот со екипата на Цеље. Противникот имаше водство од 0:1 по првиот дел, додека во второто полувреме, Вардар со евро голот на Филип Најдовски го израмни резултатот на 1:1, што беше и конечен на овој пријателски натпревар. Погледнете ги погодоците и најинтересните ... Read More »
Гачевски: На истиот стадион дебитирав за екипата на Мура и тоа на меч против Цеље
Вардар заврши со подготовките во Словенија и денес се очекува да пристигнат во Скопје. Вчера го одигравме пследниот контролен дуел на овие подготовки, против екипата на Цеље, со која одигравме без победник. По првото полувреме имавме негатива, но во вториот дел не само што го израмнивме резултатот, туку и пропуштивме неколку шанси за победа. Овој дуел беше посебен за Филип ... Read More »
После 16 дена подготовки во Зрече, вардаровата експедиција се враќа во Скопје
Вардаровата експедиција после 16 дена поминати во Зрече ( Словенија) денес се враќа во Скопје. На овие подоготовки, црвено-црните одиграа седум натпревари, на кои забележавме две победи, три нерешени резултати и два пораззи. Во Скопје следи некој ден одмор, па потоа екипата ќе се подготвува за првиот предизвик во Европските натпреварувања, тоа е тимот на Пјуник од Ерменија. За одјава ... Read More »