Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим (page 358)

Прв тим

Историја: Легендарниот голман Тоде Георгиев 15 сезони на “црвено-црниот” гол, го бранеше финалето во “Купот на маршалот“ 1961 година

Тоде Георгиев- Роден во далечната 1935 година, беше човекот меѓу стативите на финалниот натпревар од југословенскиот куп во сезоната 1960/1961 кога со победата од 2:1 над Вартекс од Вараждин, Вардар го освои маршаловиот трофеј. Во дресот на најуспешниот македонски фудбалски колектив, легендарниот голман настапува во периодот од 1950 до 1964 година при што има одиграно вкупно 239 (130 првенствени) натпревари ... Read More »

Вардар утре заминува за Анталија

Вардарци денеска го одработуваат и последниот тренинг во Скопје. Од утре целиот тим со стручниот штаб ќе заминат на пат за Анталија – Турција каде ќе се одвива вториот дел и главен од подготовките пред стартот на пролетниот дел од сезоната во првата македонска фудбалска лига. Вардарци денеска како што информираат и од веб – страната на клубот, работат тренинг ... Read More »

Историја! Ѓорѓи Цинцевски-Џинка најдобриот стрелец на Вардар во првата сезона 1947/48, и еден од топ-5 стрелците на сите времиња

ЃОРЃИ ЦИНЦИЕВСКИ – е еден од најистакнатите играчи меѓу првата генерација вардарови фудбалери кои започнуваат да ја пишуваат историјата на новоформираниот Ф.К Вардар во далечната но славна 1947 година. Познат под прекарот Џинка, Цинциевски е најдобриот стрелец во премиерната сезона на клубот 1947/1948 со постигнати голови на 13 првенствени средби. Приматот на прв голгетер број меѓу неговите соиграчи го потврдува ... Read More »

Повторно преноси преку видео стрим од “контролките“ во Анталија ќе имаа и ова зимо

Фудбалерите на црвено-црниот фудбалски колектив како што веќе е познато задутре, во сабота патуваат за Анталија -Турција каде ќе ја реализираат втората фаза од зимските подготовки. Избраниците на Седлоски ќе останат во турскиот центар се до единаесети идниот месец, после што ќе се вратат во нашиот главен град Скопје и ќе ги одработат последните тренинзи пред почетокот на шампионатот. Како ... Read More »

Силни „тестови “ за Вардар во Анталија

Потврдени се сите противници на зимските подготовки во Анталија. Нашиот шампион во Турција ќе одигра пет пријателски натпревари со многу квалитетни противници од Русија, Чешка и Романија. Првиот противник на Вардар во Анталија ќе биде 26-кратниот шампион на Романија, екипата на Стеауа. Стеауа е добро познат противник на нашиот тим. Овој тим пред неколку години играше двомеч со нашиот тим ... Read More »

Историја: Во „златна“ вардарова сезона Јаневски настапи на 31 првенствена средба и четири пати ги тресеше противничките мрежи

ЧЕДОМИР ЈАНЕВСКИ – Еден од најзаслужните фудбалери, благодарение на кои Вардар во сезоната 1986/1987 за прв и единствен пат во својата историја ја освои шампионската титула во првата лига на поранешна Југославија несомнено е и прославениот фудбалски ас Чедомир Јаневски. Популарниот Чеде е роден на 3 јули 1961 година во Скопје. Во споменатата „златна“ вардарова сезона Јаневски настапи на 31 ... Read More »

Историја: Како голман на Вардар, Зекир во својата професионална кариера има освоено пет шампионски титули и три куп титули

Муарем Зекир – На 26 август 1973 година во Скопје е роден Муарем Зекир, еден од најдобрите чувари на вардаровата мрежа во годините по осамостојувањето на Република Македонија.Како голман на Вардар, Зекир во својата професионална кариера има освоено пет шампионски титули во државното првенство (1992/1993, 1993/1994, 1994/1995, 2001/2002 и 2002/2003), како и три трофеи во националниот куп (1992/1993, 1994/1995 и 1998/1999).Некогашниот ... Read More »

ФК Вардар во сабота заминува на подготовки во Анталија, таму ќе одигра пет пријателски мечеви

vardarfans grozy

Подготовките за пролетниот дел на Вардар се одвиваат досега во нашиот главен град Скопје. Момците тренираа во теретана и на терените на спортскиот комплекс на ФК Вардар во Хиподром. Следува следната фаза која ќе ја имаат момците во Турција. Според планот тие во сабота на 21-ви јануари, заминуваат на подготовки во Анталија. Веќе е договорено дека црвено-црните во Турција  ќе ... Read More »

Генерацијата која го замолкна Кипар со ”петарда”

Пред веќе речиси 13 години вардарци го посрамотија во Ахна кипарскиот тим на Етникос со пет парчиња во својата мрежа. Ова беше меч за незаборав, ова беше меч кој ќе се памети кај секој Вардарец додека е жив, ова беше натпревар на кој Вардар се надмина себеси, и славеше убедлива победа над кипраните. Дали некогаш некоја друга генерација ќе може да постигне пет ... Read More »

Историја! Ванчо Балевски-Змија еден од топ-10 стрелци во историјата на ФК Вардар

ВАНЧО БАЛЕВСКИ – Легендарниот фудбалер на Вардар роден е на 3 јули во вардаровата 1947 година во Скопје. Со своите 128 погодоци на вкупно 379 одиграни натпревари во „црвено-црниот“ дрес, популарниот Змија е еден од десетте најдобри стрелци во историјата на клубот. Балевски за тимот на Вардар започнува да игра во сезоната 1968/1969 настапувајќи во клубот и во наредните седум ... Read More »