Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим (page 48)

Прв тим

Овој Вардар мора да научи да игра и на гостински терен..

fkv

Ново гостување на Вардар и нов кикс, по којзнае кој пат оваа сезона. Фудбалерите на Никола Глигоров треба да научат да играат фудбал и на гостински терен, инаку со игра само пред ,,Комитите” – не се влегува во Прва лига!! По којзнае кој пат сезонава Вардар ги разочара и своите навивачи… Анемична игра, игра без квалитет, игра без агресивност и најважното ... Read More »

Познат е составот на Вардар за денешниот дуел

fkv

Познато е со кои 11-мина ќе истрча Никола Глигоров на жешкото гостување во Гостивар. Во составот на Вардар има неколку изненадувања, па така отсуствува Иван Николов поради суспензија, како и на главниот голгетер Филип Петковски. Во почетниот тим го нема ниту Дејан Блажевски, а капитен е Глишиќ. Почетните 11-мина за денешниот дуел: Read More »

(ЛИНК) Гостивар – Вардар

Дуелот на Гостивар и нашиот Вардар кој започнува од 14 часот на Градски стадион во Гостивар, можете да го проследите во живо ТУКА. Очекуваме тврд натпревар но и победа на Вардар. Read More »

Доне Ристовски главен судија за Вардар на гостувањето во Гостивар

274787828_4889302997831342_957806730071242927_n

Утре на градскиот стадион во Гостивар, Вардар ќе гостува на Гостивар, на натпревар од 18.коло во Втората Лига-Запад. Натпреварот ќе стартува во терминот од 14:00 часот. Главен судија ќе биде Доне Ристовски (Гевгелија), додека негови помошници се Тоше Ицев (Кавадарци) и Давор Дишлишевски ( Кавдарци). Read More »

Вардар ја запиша првата пролетна победа

Вардар ja забележа првата пролетна победа, откако попладнево славеше како домаќин над Тетекс со резултат 2:0. Головите вредни три бода ги постигнаа Блажевски и Глишиќ. По првиот дел Вардар имаше предност од 1-0 со гол од пенал во последните мигови од првото полувреме. Гачевски Филип ја покажа класата, па така на два наврати со одлични интервенции спаси сигурни погодоци на Тетекс. ... Read More »

(СТРИМ) ФК Вардар – ФК Тетекс

За кратко започнува натпреварот од 17.коло во Втората Лига-Запад, меѓу екипите на Вардар и Тетекс. Црвено-црните немаат право на грешка и се освен победа ќе биде големо изненадување. Натпреварот кој стартува од 14:00 часот можете да го проследите на СТРИМ. Read More »

Познат стартниот состав за дуелот со Тетекс

Со почеток од 14:00 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Мацари, Вардар го пречекува тимот на Тетекс. Шефот на стручниот штаб, Никола Глигоров го објави стартниот состав за овој натпревар. Вардар мора да оди на победа и се освен три бода ќе биде изненадување на овој натпревар од Втората Лига-Запад. Read More »

Судии од Битола за „братскиот“ натпревар на Вардар и Тетекс

263423327_4586087774819534_1251775207941768654_n

Во рамките на 17.првенствено коло во Втората Лига-Запад, на стадинот „Борис Трајковски“ во Маџари, екипата на Вардар ќе биде домаќин на Тетекс. ФФМ ги делегираше судиите за „братскиот“ натпревар на двете екипи. За главен судија е одреден Владимир Ѓорѓиевски (Битола), додека негови помошници ќе бидат Јовче Кокевски (Битола) и Владимир Митревски (Битола). Натпреварот ќе се одигра во сабота (26.02) со ... Read More »

Почина Бранислав Белевски-Будла, легендарниот физиотерапевт на ФК Вардар

274467850_447457710159879_284650244698723070_n

. . Денеска, по кратко боледување почина Бранислав Белевски-Будла, легендарниот физиотерапевт на ФК Вардар кој што повеќе од 20 години беше нераскинлив дел од нашиот клуб. . Нека почива во мир! Read More »

Грнчаров се враќа во ФК Вардар!

Поранешниот капитен на ФК Вардар, дефанзивецот кој остави позитивен траг во историјата на клубот, Бобан Грнчаров се враќа во ФК Вардар, но овој пат во стручниот штаб на тимот, така барем велат нашите информации во овој момент. Грнчаров во својата фудбалска кариера има одиграно преку 100 официјални натпревари во ФК Вардар, а беше дел и од онаа златна генерација која ... Read More »