Помладите пионери на Вардар го продолжуваат својот од кон титулата, денес на домашен терен во еден цврст дуел дојдоа до минимална, но значајна победа. Црвено-црните беа подобри од тимот на Шкупи со резултат 2-1 (1-1). Вардар започна со овој состав: Данстак Андреј, Ајетовиќ Нуман, Јанкоски Драган, Порчу Димитар, Николовски Марко Лефковски Давор, Гаштаров Матеј, Коловски Стефан, Нурединовски Алтин, Алији Алтин ... Read More »
Прв тим
Воска – Вардар за Стојчевски
Игор Стојчевски од Скопје е делегиран да го суди дерби натпреварот на Воска и Вардар кој ќе биде одигран в сабота во Струга. Се надеваме дека конечно ФК Вардар ќе добие коректно судење и дека во овој случај судиската четворка нема да влијае на резултатот и на Вардар. Дуелот в сабота започнува со почеток од 17 часот. Read More »
Воска – Вардар во Струга, ,,стоп” за Комити..
Дербито на колото, дуелот на Воска и Вардар кој е на програмата во сабота од 17 часот, наместо во Охрид ќе се одигра на стадионот на ФК Караорман во Струга. Последните информации велат дека стадионот во Охрид ќе бил зафатен следниов викенд, па така дуелот ќе има нова локација, а исто така и на стадионот во Струга немало да може ... Read More »
Вардар со нова победа, нов гол на Парталко
Фудбалерите на Вардар остварија уште една победа на домашен терен, откако попладнево ја совладаа екипата на ФК Беса со резултат 1:0. Стрелец на голот вреден три бода беше младиот Ерен Парталко во првиот дел. Вардарци на полувреме можеа да заминат со поголема предност од еден разлика, но голманот на противникот во два наврати одлично одбрани и спречи повисока предност за ... Read More »
(СТРИМ) ФК Вардар – ФК Беса
Денес на програмата е 24.коло во Втората Лига Запад. На стадионот во Автокоманда, Вардар ќе биде домаќин на екипата на Беса. На црвено-црните им се неопходни бодовите, но истовремено ќе чека и кикс на Воска која гостува кај Тетекс. Натпреварот во Автокоманда кој стартува од 16:00 часот ќе можете да го проследите на линкот, ТУКА. Read More »
Вардар – Беса за Качевски
На дуелот Вардар – Беса кој ќе се одигра во сабота од 16 часот во скопската населба Железарница, главен судија ќе биде искусниот арбитар Качевски Јован од Струга. Ќе му помагаат Бакрачески Разме и Дејаноски Мартин, додека пак четврти судија ќе биде Дејаноски Марјан од Кичево. Се надеваме на фер и коректно судење на оваа средба, на која Вардар мора да победи. Read More »
Грне стартуваше одлично, висока победа на Вардар
Фудбалерите на Вардар им се вратија на победите, откако попладнево славеа на домашен терен против ФК Тетекс со убедливи 4:0 (2:0). Отпорот на гостинот беше скршен во финишот на првиот дел. Најпрвин Ненад Мишковски погоди за 1:0 во 44.минута, а потоа и младиот Ерен Парталко погоди во судиското надополнување за 2:0. Во вториот дел, Вардар заигра исто така добар фудбал, ... Read More »
(ЛИНК) Вардар – Тетекс
Дуелот на Вардар и Тетекс кој започнува од 16 часот, можете да го проследите во живо ТУКА. Read More »
Повторно повик за Марио Ричков, Македонија У18 ќе „тестира“ со Турција
Играчот на ФК Вардар, Марио Ричков, повторно доби повик од селекторот Неџат Шабани за настапите на Македонија У18, која во претстојниов период ќе одигра два контролни натпревари со репрезентацијата на Турција. Истите ќе се одиграат на трениг центарот „Петар Милошевски“ на 20.04 и 22.04 со почеток од 16:00 часот. Марио Ричков кој во пролетниот дел бележи настапи за сениорската екипа ... Read More »
Среќен роденден Дарко Мицевски
Денес својот 30.роденден го прославува играчот на ФК Вардар, се работи за Дарко Мицевски. Тој е повратник сезонава во Вардар, откако заедно со клубот во натпреварувачката сезона 2019/20 ја освои Шампионската титула. Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси со Вардар. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ДАРКО !! Read More »