Утре на стадионот “Борис Трајковски“ со почеток од 17:30 часот, ФК Вардар ќе го одигра вториот контролен натпревар во подготвителниот период. Противник на црвено-црните ќе биде екипата на Арсими. На првиот пријателски натпревар одигран на истиот стадион, вардарци беа подобри од екипата Тетекс со резултат 3:0. Read More »
ФК Вардар
Чичко Дончо: Да му помогнеме на Вардар, да ја воздигнеме Македонија
Акцијата „купи сезонски билет“ за домашните натпревари на ФК Вардар се одвива масовно, а на својата официјална страница, клубот го објави следново: Големиот Андон Дончевски купи членска карта, и даде јасна поддршка за нашата акција. Покрај тоа, со сопствени средства, обезбеди уште 30 членски карти, кои наскоро ќе ги поделиме. Време е сите легенди на клубот да го сторат истото! ... Read More »
Лефковски, Гаштаров и Здравковски го одиграа првиот натпревар за сениорскиот тим на ФК Вардар
На пријателскиот натпревар против екипата на Тетекс, шефот на стручниот штаб, Бобан Грнчаров, промовираше уште тројца играчи од школата, кои го имаа својот прв меч за сениорскиот тим. Се работи за Симеон Здравковски (2005), Давор Лефковски и Матеј Гаштаров (2006). Сите тројца се долго време во Вардар, клуб со кој освојуваа и трофеи во младинските натпреварувања, а исто така имаат ... Read More »
ФК Вардар: Капитенот ни се врати, Мицевски во “погон”
ФК Вардар на официјалната страница на капитенот на тимот му посака одлична сезона, Мицевски се враќа во тимот по паузата поради повредата. Во објавата се вели: Нашиот капитен Дарко Мицевски по четири месечна пауза поради повреда се врати на теренот на вчерашниот подготвителен натпревар против Тетекс. Му посакуваме здравје и успешна сезона предводејќи го тимот во новите предизвици #ЕденЖивотЕднаЉубов ⚫️ Read More »
Лука Атанасовски на 16 години настапи за првиот тим на ФК Вардар
Фудбалскиот клуб Вардар го одигра првиот пријателски натпревар во подготвителниот период. Во победата против Тетекс можност да настапат имаа неколку играчи од младинската школа на клубот. Лука Атанасовски беше најмладиот играч, кој доби шанса од Грнчаров, во вториот дел да влезе во игра и да помине 45 минути на теренот. Лука е „дете“ на Вардар, поим за верност и љубов ... Read More »
Вардар со победа против Тетекс, Грнчаров изведе комбиниран состав од искусни и млади играчи
Фудбалскиот клуб Вардар успеа да забележи победа на првиот контролен натпревар во подготвителниот период. Попладнево на стадионот „Борис Трајковски“ црвено-црните со резултат 3:0 беа подобри од екипата на Тетекс. Вардарци стигнаа до заслужен триумф со оглед дека имаа повеќе од играта на овој пријателски натпревар. Резултатот го отвори младиот Марко Николовски (2006) после центар шут, Николовски со глава успеа да ... Read More »
Со акцијата „купи сезонски билет“, до 1.000 000 денари
Со акцијата „купи сезонски билет“, за натпреварите на ФК Вардар на градскиот стадион, до 1.000 000 денари. Фудбалскиот клуб Вардар на својата официјална страница го објави следново: Силата на Вардаровите навивачи! За помалце од една недела, заедно успеавме да стигнеме до првиот милион. Целта е се уште далеку, но само заедно, сплотени, како до сега, ќе стигнеме до неа! Акцијата ... Read More »
ФК Вардар денес ќе го одигра првиот пријателски натпревар, противник е тимот на Тетекс
Екипата на ФК Вардар денес ќе го одигра првиот пријателски натпревар во подготвителниот период. На стадионот Борис Трајковски во населбата Маџари, црвено-црните ќе имаат контролка со екипата на Тетекс од Тетово. Натпреварот ќе стартува од 17:30 часот. Read More »
Нови играчи од младинската школа се приклучија на подготовките со првиот тим на ФК Вардар
Сениорската екипа тренира на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари, а на подготовките се приклучија уште неколку играчи од школата. Никола Филевски (2005), Давор Лефковски, Матеј Гаштаров и Марко Николовски (2006) како и најмладиот Лука Атанасовски (2007) работат со првиот тим предводен од Бобан Грнчаров. Дел од подготовките се уште и Матеј Митревски, Тино Спасиќ, Ѓорѓи Дошев и Горјан Цветков ... Read More »
ФК Вардар: Собрани се повеќе од 500 000 денари, од акцијата за продажба на членски карти
Фудбалскиот клуб Вардар на својата официјална страница го објави следново: Денот го започнуваме со одлична вест. За нешто повеќе од 24 часа, собрани се повеќе од 500 000 денари, од акцијата за продажба на членски карти. Радува фактот што, се поголем број на навивачи, ја препознаваат важноста на акцијата и моментот. Купи членска карта, и не дозволувај твоето место на ... Read More »