Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар (page 530)

ФК Вардар

Среќен роденден Алексовски

aleksovski-660x330

Младиот и талентиран голман на Вардар, Игор Алексовски денеска го прославува својот 23 роденден. Алексовски е дел од Вардар од летото 2016 година каде дојде од тимот на Македонија Ѓорче Петров.  Особено ќе се паметат неговите одбрани во дресот на младата репрезентација на Македонија која што обезбеди пласман на Европското првенство во Полска во 2017 година. Тој е надеж на вардаровиот гол ... Read More »

Блажевски: Јас сум дете на Вардар и би сакал тука да ја завршам кариерата!

16870-blazhevski-posle-stotkata-najsrekjen-moment-mi-beshe-plasmanot-vo-le

Дејан Блажевски влезе во клубот со 100. одиграни натпревари во дресот на ФК Вардар. Блажевски по повод овој јубилеј за клубскиот сајт на Вардар говореше за досегашниот престој во Вардар, каде би сакал да ја заврши својата кариера и слично. „Благодарност до сите соиграчи, до тренерите кои ми беа во овој период Сергеј Андреев, Гоце Седлоски и сегашниот Чедомир Јаневски ... Read More »

Велинов: Фаворитската улога на ваквите мечеви не ги гарантира бодовите

dsadsasa

Тимот на Работнички го стартуваше шампионатот лошо па така играчите на Горан Станковски ќе сакаат да го поправат својот впечаток токму на дуелот утре против шампионот на Македонија. Офанзивниот играч на Работнички, Стојанче Велинов вели дека неговиот тим има сили да го изненади и победи тимот на Вардар. „Не го стартувавме најдобро пролетниот дел од првенството. Поразот од Пелистер се уште не боли, ... Read More »

Александар Ставрев главен судија на градското дерби, помеѓу Работнички и Вардар

vardarfans-stavrev

Во сабота со почеток од 14 часот на арената “Филип Втори“ ќе се одигра градското фудбалско дерби, помеѓу екипите на Работнички и Вардар. Фудбалската федерација на Македонија денес ги делегираше судиите за натпреварите од 21 коло во ПМФЛ. Александар Ставрев ќе биде главен судија на градското дерби. Работнички се уште нема победа во пролетниот дел од сезоната, откако одигра само ... Read More »

(ВИДЕО) Големото финале кај генер. “2003“ на турнирот “Пирин Куп“, му припадна на Вардар

vardarfans-7

Вардаровата генерација “2003“ успеа да го освои првото место на турнирот “Пирин Куп“, кој се играше во градот Сандански. Нашите млади надежи на турнирот одиграа пет натпревари, на кои забележаа исто толку победи. Во големото финале бевме подобри од екипата на ЦСКА Софија, откако победникот беше решен по изведување на удари од белата точка. Погледнете го преку видео целиот натпревар ... Read More »

Работнички – Вардар во сабота

15123-rabotnichki-vardar-10-vo-zhivo

Овој викенд се игра градската пресметка помеѓу екипите на Работнички и Вардар. Овој дуел предвидено беше да биде одигран во стандардниот термин в недела, но ќе се одигра в сабота од 14.00 часот на Градскиот стадион во Скопје. Ова ќе биде уште еден во низата тешки дуели за тимот на Вардар. Играчите на Јаневски ќе се обидат со победа да останат ... Read More »

(ВИДЕО) Мајсторија на Фелипе, Вардар ќе треба да “брка” голови во Тетово

fkv-vardar-skendija

Вардар и Шкендија повторно одиграа нерешено (1-1), исто како на натпреварот во Тетово. На вчерашниот дуел Вардар одново одигра еден натпревар под својот просек, на крајот со мајсторијата на Фелипе се спасуваше од пораз. На реваншот нашиот тим ќе треба да брка голови за пласман во 1/2 финалето. Видео од најинтересните моменти и головите: Read More »

Блажевски со јубилеј, 100-ти натпревар во дресот на Вардар

vardarfans-blazevski

Натпреварот против Шкендија, беше 100-ти во дресот на Вардар за Дејан Блажевски. За Блажевски ова е 11-ти настап во Купот, 14 меча има одиграно на меѓународна сцена, и 74 настапи собра во првенството на Македонија во дресот на Вардар. Тој има и еден одигран натпревар во Супер-Купот на Македонија против Работнички. Освои три шампионски титули и еден Супер-Куп пехар во ... Read More »

Јаневски: Ако сакаме да се пласираме во полуфиналето ќе мора да постигнеме најмалку еден гол на реваншот во Тетово

vardarfans-janevski-2

Вардар и Шкендија одиграа со нерешен резултат, на првиот четврфинален меч од купот на Македонија. Госттите од Тетово први поведоа со голот на Бесарт Ибраими, додека Вардар го израмни резултатот преку Хуан Фелипе и тоа со мајсторски удар од слободен удар. Така и двете екипи на реваншот кој ќе се одигра на 7-ми март во Тетово, ќе го започнат мечот ... Read More »

Фелипе го спаси Вардар со мајсторија, реми на првиот дуел од Купот против Шкендија

h3

Денес на арената “Филип Втори“ се одигра првиот четвртфинален меч од купот на Македонија, помеѓу екипите на Вардар и Шкендија. Вардарци одиграа реми 1-1, и во реваншот патуваат без предност. Фелипе погоди за 1-1 во 79.минута по водството на Шкендија која прва поведе со 0-1. Тренерот Јаневски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гачевски, Глишиќ, Новак, Грнчаров, Тошевски, Битанг, Глигоров, Блажевски, Фелипе,Попзлатанов, Барсегјан, ... Read More »