Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар (page 602)

ФК Вардар

Вардаровиот голман, Матеј Андов јунак во ремито на Македонската репрезентација до 17 години, во дуелот со Словачка

vardarfans-andov

Втор нерешен резултат за младинската фудбалска репрезентација до 17 години, на квалификацискиот турнир кој се игра во Скопје. Попладнево на тренинг центарот “Петар Милошевски“, избраниците на Горан Станиќ ремизираа и со врсниците од Словачка, играјќи без голови 0:0. Македонја играше речиси цел натпревар со играч помалку, откако во 10 минута црвен картон доби напаѓачот на Работнички, Давид Тошевски, со што ... Read More »

Итало погоди за првиот тим на тренинг натпревар против младинците на Вардар, на терен се врати и Новак

vardarfans-trening-mec

Вчера на теренот во населбата Јане Сандански, пријателски натпревар одиграа првиот тим и младинската екипа на ФК Вардар. Овој меч им припадна на повозрасните и подобрите играчи од првиот тим кои славеа со резултат 2:1. За првиот тим не настапија играчите кои имаат репрезентативни обврски а на теренот можеше да се види Евгениј Новак како и бразилецот Итало кои беа ... Read More »

Среќен роденден Ховханес Хамбарџумјан

vardarfans-rodenden-hambardjumjan

Денес својот 27-ми роденден го прославува играчот на ФК Вардар, Ховханес Хамбарџумјан. Ова е четврта сезона за ерменскиот репрезентативец во дресот на Вардар. Нашата редакција му посакува многу среќа, здравје и успеси на професионален план. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ХОВХАНЕС ! Read More »

Во сабота продолжуваат натпреварите во детската фудбалска лига

10

Во сабота и недела на програмата е ново коло во детската фудбалска лига. Своите први натпревари оваа сезона ќе ги имаат генерациите на ФК Вардар, родени “2006“ и “2007“ година, додека за “2005“ и “2008“ ова ќе биде второ коло. Своето трето коло по распоред ќе го одиграат генерациите родени “2009“ и “2010“ година. Минатиот викенд поради настапот на турнирот ... Read More »

Андов и Ибиши дел од фудбалската репрезентација до 17 години на квалификацискиот турнир во Скопје

vardarfans-mladinska

Двајца играчи на фудбалскиот клуб Вардар се дел од младинската репрезентација до 17 години, на квалификацискиот турнир кој се игра во Скопје, за пласман во елитната фаза. Во текот на вчерашниот ден, Македонија го одигра првиот натпревар, а противник ни беше селекцијата на Босна и Херцеговина. Одигравме само со нерешен резултат, без голови 0:0. Во стартниот состав на селекторот Горан ... Read More »

Замената на ваучери за ЛЕ со електронски картички ќе се врши до крајот на оваа недела

l

Фудбалскиот клуб Вардар дозволи замената на ваучерите со електронски картички да се продолжи, па така таа ќе трае цела оваа недела. По барањето на фановите, замената ќе трае до 08.10.2017 година и ќе се одвива во просториите на фудбалската Академија на ФК Вардар (позади источната трибина) секој ден од 10 до 18 часот. Овој потег е по барање на навивачите ... Read More »

Илија Апостоловски и Лука Грчевски најдобри голмани, Матеј Гаштаров најдобар играч на турнирот во Нови Сад

h2

Изминатиов викенд четири генерации на фудбалскиот клуб Вардар беа дел од турнир во Нови Сад, во чест на прославениот голман “Илија Пантелиќ“. На овој турнир освоивме едно прво место ( генерација “2005“), едно второ ( генерација “2008“) и две четврти места ( генерација “2006“ и “2007“). По одигрување на финалните натпревари беа доделувани и поединечни награди. Тројца играчи од нашите ... Read More »

Барсегјан водечки стрелец во тимот на Вардар

ФК Вардар во овој момент се наоѓа на втората позиција на првенствената табела со девет бодови заостанување зад Шкендија, но и два натпревари помалку. Вардарци поради настапот во Лигата на Европа, ги одложија дуелите со Работнички и Академија Пандев. Досега, по седум одиграни натпревари, Вардар има постигнато вкупно 12 голови. Од овие 12 голови, седум се дело на двајца играчи ... Read More »

Петар Гугуљанов: Големата верба за победа на секој натпревар е главната причина што играме добро и освојуваме бодови

268

Помладите пионери на ФК Вардар стигнаа до својата четврта победа во првенството, откако на домашен терен убедливо ја победија екипата на Шкупи. Резултатот од 4:0 говори за доминацијата на црвено-црните во текот на целиот меч, кои имаа уште неколку добри шанси за поубедлив триумф. Одлично игра оваа генерација на Вардар во својата дебитанска сезона во првенството. Еден од играчите кој ... Read More »

Уште тројца репрезентативци даде Вардар

barsegjan-fkv

Тимот на Вардар даде уште тројца играчи кои треба да настапат за своите репрезентации. Повик да играат за Ерменија повторно добија Ховханес Хамбарџумјан и Тигран Барсегјан, кои на 6-ти и на 9-ти октомври ќе играат против Полска и Казахстан. Покрај нив двајца и Џамбул Џигаури доби нов повик за својата репрезентација на Грузија. Селекцијата на Грузија во овој циклус ќе одигра натпревари против селекциите ... Read More »