Денес во просториите на ФФМ беше извлечена ждрепка за 1/4 финалето во Купот на Македонија. Екипата на Силекс ќе биде противникот на Вардар во оваа елиминацска рунда од Купот. Натпреварот се игра на 9 ноември од 13 часот во Кратово. Двојки за 1/4 финале: Силекс – ВАРДАР Македонија Ѓ.П – А.Пандев Шкупи – Шкендија Струга ТЛ – Брегалница Read More »
ФК Вардар
Табели во младинската Супер Лига, после одиграни 6.кола
Како изгледаат табелите во младинските фудбалски лиги, после одиграни 6.коло. Помлада пионерска Супер лига Пионерска Супер лига Кадетска Супер лига Младинска Супер лига Read More »
Утре, ФК Вардар го дознава противникот во 1/4 финалето на Купот
Утре во просториите на ФФМ, ќе биде извлечена ждрепката за 1/4 финалните натпревари во Купот на Македонија. Од 13:00 часот, Вардар ќе го дознае својот противник во овааа елиминациска рунда од националниот Куп. Вардар е единствениот второлигаш, кој успеа да се пласира во осумте најдобри екипи во Купот, каде се уште и екипите на Шкендија, Шкупи, Македонија Ѓ.П. Брегалница, Струга ... Read More »
Половичен успех за вардаровите екипи, на натпреварите од 6.коло против Македонија Ѓ.П
Вардар освои 6 од максималните 12 бодови, на натпреварите од 6.коло во младинската Супер Лига против екипата на Македонија Ѓ.П. По две победи им припадна на двете екипи, кај нас до триумф дојдоа помладите пионери и младинците, додека бевме поразени со пионерите и кадетите. Преглед на резултати од 6.коло во сите четири лиги: Помлада Пионерска Супер лига Брегалница – Охрид ... Read More »
ФК Вардар со два сребрени медали се враќа од меѓународниот турнир во Истанбул
СРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА ГЕНЕРАЦИИТЕ 2008 И 2009 НА СИЛНИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ИСТАНБУЛ. Вардар се враќа во Скопје со два сребрени медали од меѓународниот турнир „Истанбул Куп“, на кој учествуваа екипи од рангот на Фенербахче, Лудогорец и други реноминирани екипи од Србија, Полска, Бугарија и Косово. Вардар ги загуби двете финалиња, но остави одличен впечаток на овој турнир. Генерацијата 2008 ... Read More »
Блед Вардар во Гостивар за прв пораз сезонава
Дербито во Втората фудбалска лига на Македонија му припадна на ФК Гостивар кој со резултат 1:0 го победи Вардар и му го нанесе првиот сезонски пораз. Фудбалерите на ФК Вардар имаа неправедна негатива на полувреме во Гостивар. Велиме неправедна негатива бидејќи беше досуден ама баш никаков пенал за противникот, од кои стигнаа до водство на полувреме. Вардарци во првиот дел ... Read More »
Познат составот на Вардар за дербито со Гостивар
Тренерот, Грнчаров го одреди составот на црвено-црните за дербито за врвот на втората лига. Ние денес гостуваме кај екипата на Гостивар која атакува на врвот како и нашиот тим. Ние ќе започнеме со следните 11 играчи: ВАРДАР: Гачевски Филип, Глишиќ Дарко, Христов Симеон, Мицевски Дарко (К), Десниќ Дарио, Парталко Ерен, Мишковски Ненад, Николовски Кристијан, Вецески Христијан, Јусуфи Нијаз и Попзлатанов Јован. Read More »
(СТРИМ) ФК Гостивар – ФК Вардар
Денес на програмата е дербито во ВМФЛ, во кое ќе се сретнат екипите на Гостивар и Вардар. Натпреварот ќе се одигра на теренот во с. Голема Речица од 14:00 часот. Стрим од истиот можете да погледнете на линкот, ТУКА. Вардар е лидер на табелата, со четири бода предност пред денешниот противник. Read More »
Македонија У16 со тројца вардарци на репрезентативниот камп во Кичево
Во периодот од 24-28.октомври, младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години ќе одржи тренинг камп во Кичево. За овој репрезентативен камп, селекторот на Македонија, Дашмир Беари повика тројца играчи кои се дел од Вардар. Се работи за Златко Радески, Милош Спасовски и Лука Атанасовски. Read More »
(Фотогалерија) ФК Вардар генерација 2011 одигра нов натпревар во Детската Лига
Генерацијата 2011 на ФК Вардар во текот на вчерашниот ден одигра натпревар во новото коло од Детската Лига на ФФФ. Погледнете фотогалерија од дуелот со екипата на Сарај Старс. Read More »