Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар (page 811)

ФК Вардар

Огнен Здравковски: Сон на секое дете што го сака фудбалот е да игра во Вардар

Големи успеси во изминатата сезона во детската фудбалска лига беа поврзувани со генерацијата родени “2004“ година. Нашите млади надежи успеаа да освојат прво и трето место на државно ниво во оваа лига, натпреварувајќи се со две екипи. Дел од оваа генерација е Огнен Здравковски, кој има голем удел во успесите на Вардаровата генерација родени “2004“ година. Играч кој може да ... Read More »

Вардарци од генер. “2005“ ги надиграа своите врсници од Металург на контролен натпревар пред почетокот на новата сезона

Пред почетокот на новата сезона во детската лига, фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2005“ година одигра контролен натпревар со своите врсници од екипата на Металург. Овој дуел се одигра на академијата, во две полувремиња по 25 минути. Нашите млади надежи забележаа убедлива победа, изразена со резултат 8:1. Ова беше добра увертира за избраниците на Игор Кралевски за новата сезона, ... Read More »

Кадетите и младинците на ФК Вардар утре го играат 1/16 финалето од националниот куп, против екипата на Шкендија

Кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар утре ќе ги играат натпреварите од 1/16 финалето од купот на Македонија. Противник за двете наши екипи ќе бидат врсниците од Шкендија. Мечевите ќе се одиграат со почеток од 11 и 13 часот на теренот во населбата Јане Сандански. Се игра само еден натпревар, кој ќе победи ќе се пласира во следната рунда ... Read More »

(ВИДЕО) Брдаровски: Вардар е најголемиот клуб во Македонија

Во најновиот прилог на “Вардар ТВ“ ќе може да погледнете интервју со фудбалерот на црвено-црните Владица Брдаровски. Тој говори за своите фудбалски почетоци, кариерата, минувањето во ФК Вардар, условите кој клубот ги нуди на играчите. Целото интервју со Брдаровски погледнете го во следново видео. Read More »

Јакуп Бериша: Среќен сум што постигнав три гола, но најважно е што екипата победува

Продолжуваат добрите игри во новата сезона за пионерите на ФК Вардар. Избраниците на Сашо Тодоровски ја забележаа четвртата победа од исто толку одиграни натпревари и со максимални 12 освоени бодови се наоѓаат на првото место на табелата. Противник во ова коло ни беше екипата на Победа од Прилеп, која ја пречекавме на новата академија. Црвено-црните во целост ја оправдаа фаворитската ... Read More »

Кировски, Тодоровски и Стојчевски дел од Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на контролните мечеви со БИХ

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години утре и во четврток ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Босна и Херцеговина. Двата меча ќе се одиграат на тренинг центарот “Петар Милошевски“. Утрешниот дуел ќе започне од 16 часот, додека тој во четврток својот старт ќе го има од 11 часот. За овие контролни натпревари селекторот Јетон Несими повика и ... Read More »

(Фотогалерија) Момците на Томче Трајановски генер.2003 безмилосно ја “решетаа“ мрежата на Башкими

Во текот на вчерашниот ден на теренот на Академијата на ФК Вардар  се одигра вториот меч на вардаровата генерација 2003 во новата лига, противник во истиот ни беше екипата на  Башкими 1947 од Куманово. Младите вардарци  остварија убедлива победа  “решетајчија“ безмилосно  мрежата на кумановчани во текот на целиот натпревар. Избраниците на Томче Трајановски успеаа да погодат дури 17 пати во мрежата ... Read More »

(Фотогалерија) ФК Вардар генерација 2002 со фудбалска лекција за Башкими

Младите фудбалски надежи на ФК Вардар од генерацијата родени 2002 година вчера го забележаа деби настапот во новата лига, во истата бевме домаќини на екипата на ФК Башкими од Куманово на теренот при Академијата на Фудбалскиот клуб Вардар во градски парк. Избраниците на Ѓоргиевски Петар забележаа висока победа со резулат 6-0 (5-0). Стрелци на шесте победнички гола за црвено-црните момци ... Read More »

(Фото+Видео) Вардар со победата вчера изби на лидерската позиција во првата лига

Вчера вардарци одиграа гостински меч кај тимот на Македонија Ѓ.П кој го добија убедливо 0-4 (0-1). Со оваа победа ја заземавме лидерската позиција во ПМФЛ (фото), на која сме пред тимовите на Работнички и Пелистер. Нашиот конкурент единствен за титулата Шкендија “киксна“ во Штип каде одигра нерешено, пред нив сме 6 бода со меч повеќе. Шефот на црвено-црните Седлоски мечот ... Read More »

Бобан Николов за Вардарфанс: Задоволен сум од победата, одиме на секој меч по три бода

Бобан Николов на вчерашното гостување кај Македонија Ѓорче Петров не беше стартер, тој во 63 минута влезе во игра на место на Јасир Асани и направи разлика на теренот. Николов учестуваше во сите три гола со кој го скршивме отпорот на домаќините. Беше стрелец на еден и асистент на останатите два погодока во овој меч од петтото коло во првата ... Read More »