Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар (page 890)

ФК Вардар

Поразот од Силекс мотив повеќе за добра игра и големи три бода

fkvardar-vardarfans

Како што е добро познато, в сабота на големиот христијански празник Велигден ФК Вардар ќе одигра нов натпревар во рамките на 30-сетото коло во ПМФЛ. Вардарци во оваа 2016 година имаат само еден пораз во македонскиот шампионат и тоа токму од саботниот противник кратовски Силекс. На тој натпревар пред три недели кој исто така се одигра на теренот во Кратово домашниот тим ... Read More »

ФК Вардар казнет со два натпревари

fkvardar-vardarfans

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија одлучи да го казни нашиот ФК Вардар со два меча неиграње во Скопјe, односно на 100 км оддалеченост од главниот град и националната арена, исто така Вардар ќе треба да плати 1.500 евра. Тоа значи дека Вардарци на последниот домашен натпревар против Слога кој треба да ја реши титула ќе го игра на друг терен, а ... Read More »

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Форца-Ново Лисиче во рамките на “Јуниор“ лигата, генер. “2003“

vardarfans-3

Изминатиов викенд се одигра четвртиот пролетен турнир во фудбалската “Вардар “Јуниор“ лига, кој се одигра на академијата на фудбалскиот клуб Вардар. Се одиграа вкупно 8 натпревари, по четири во генерациите родени “2003“ и “2004“ година. Настап имаше и екипата на Форца генерација родени “2003“ кои забележаа победа во дуелот со екипата на Ново Лисиче. Конечниот резултат гласеше 2:0. Стрелци на ... Read More »

Одличниот Евгениј Новак во тандем со Грнчаров

novak-fkvardar-vardarfans

Се подобри и подобри партии во црвено – црниот дрес прикажува Украинскиот интернационалец кој игра на централните позиции во одбраната, Евгениј Новак. Новак заедно во стоперски тандем со капитенот Бобан Грнчаров одлично ја понесоа одбраната против тетовска Шкендија. Новак иако во првиот дел од сезона не добиваше скоро никаква шанса, оваа пролетна полусезона покажа дека се работи за играч кои може да одигра на ... Read More »

Гоце Петровски: Со задоволство прифативме да бидеме дел од овој голем проект на фудбалскиот клуб Вардар

vardarfans-junior-liga-14

“Вардар Јуниор“ лига е проект на фудбалскиот клуб Вардар, кој има за цел да ја прошири својата школа низ сите градови во Македонија и да им даде можност на сите дечиња кои го сакаат овој спорт да се натпреваруваат во оваа лига. Во првата година на постоењето, Јуниор лигата успешно функционира, секоја недела се играат натпревари во различни возрасни генерации ... Read More »

Стојанче Стојанов на центарот во Кратово

fkvardar-vardarfans

Во сабота ФК Вардар ќе одигра нов натпревар во ПМФЛ, овој пат на гости против кратовски Силекс. За овој натпревар делегиран беше судија од Штип да ја дели правдата. Станува збор за Стојанче Стојанов, негови помошници ќе бидат Горан Манасиев и Петар Новачев, двајцата од Велес. Четврти судија е Ндерим Тефику од Куманово. Делегат на мечот е Илија Панов кој доаѓа од Струмица. Read More »

Овој викенд без натпревари во Детската фудбалска лига

тактика

Овој викенд младите Вардарови дечиња нема да имаат натпревари во детската фудбалска лига. Поради големиот празник Велигден натпревари овој викенд нема да има. Натпреварите ќе продолжат следниот викенд на вообичаените терени на ФК Работнички и на ФФМ. Инаку и во детската лига се ближи крајот, односно доаѓаат клучните натпревари кој ќе биде шампион во своите генерации. Вардар во сите генерации ... Read More »

(Видео) Младинците и кадетите во Куп финалето

mladinci -888

Младинците и кадетите на ФК Вардар изминатата среда имаа многу важни дуели за нив. Младинците и кадетите се бореа да ја сочуваат својата предност стекната на домашен терен и да се пласираат во финалето во купот на РМ. Тоа им успеа и на младинците и на кадетите на Вардар. Младинците ги исфрлија врсниците од Работнички, а кадетите од ФК Милано. Read More »

Јубилејен настап на Асани со погодок

fkvardar-vardarfans

20 Годишниот крилен играч на ФК Вардар Јасир Асани овој викенд прослави мал јубилеј. Асани на средбата против Шкендија го запиша својот 50 официјален првенствен настап во црвено – црниот дрес. Овој јубилеј  популарниот Јаско на најдобар можен начин ќе го памети, бидејќи на својот јубилејен настап  постигна погодок важен три бода. Инаку ова е трет гол за Асани оваа сезона ... Read More »

Ѓорче загревање за Вардаровите пионери, кои во сабота можат да ја решат титулата

vardarfans-pioneri-14-660x330

Денес на теренот во населбата Марино се одигра 19 првенствено коло. Свој настап имаа пионерите кои без поголеми проблеми ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 6:0. Тренерот Сашо Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Велковски, Спасиќ, Каркалашев-Трајковски, Ѓорѓиески, Рамиќ, Дарлишта, Али Адем, Ѓорѓиевски, Бериша, Ристовски и Пешевски. Уште во првата минута од мечот успеавме да ... Read More »