Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар (page 960)

ФК Вардар

Избраниците на Кралевски се пласираа во големото финале, на турнирот во Охрид

vardarfans finale za generacija 2006

После двете големи победи во групата, денес фудбалскиот клуб на Вардар со генерација родени “2006“ година играа во четврт-финалето и полуфиналниот дуел на турнир во Охрид. На двата меча забележаа триумфи и сосема заслужено се пласираа во големото финале, кое е на програмата утре со почеток од 13 часот против екипата на Форца. Избраниците на Кралевски во 1/4 без поголеми ... Read More »

(ФОТО) Во Велес повеќе гледачи отколку во Скопје..

12341334_897795703630918_1763685833119166909_n

ФК Вардар по подолга пауза играше во Велес, и тоа на вештачка трева. Во неделата на стадионот во Велес малку зачудувачки имаше двојно повеќе гледачи, отколку на друг првенствен натпревар кога игра ФК Вардар. Велешани дојдоа од сите страни на градот за да го видат овој тим на ФК Вардар, но за жал малку видеа од двата тима на оваа ... Read More »

Утре ќе се одигра последното есенско коло од детската фудбалска лига

vardarfans treto kolo detska liga

Утре на терените на фудбалската федерација на Македонија и фудбалскиот клуб Работнички ќе се одигра последното 12 коло од детската фудбалска лига. Своите настапи порано ги завршија Вардаровите генерации “2005“ и “2006“ година. Ви го презентираме распоредот и термините на одигрување натпревари на другите наши генерации. -Фк Вардар генер. “2002“ – Фк Сарај  11:40  (терен бр.2) -Фк Вардар генер. “2003“ ... Read More »

Фк Вардар генер. “2006“ на турнир во Охрид

vardarfans generacija 2006 na turnir vo ohrid

Од сабота до вторник во Охрид се одржува младински фудбалски турнир, на кој учество зема и фудбалскиот клуб Вардар, со генерација родени “2006“ година. Избраниците на Игор Кралевски веќе одиграа три натпревари, на кои забележаа победи. На турнирот допатувавме со следниве играчи: Андреј Данстак Данчевски, Дамјан Крстевски, Драган Јанкоски, Давид Голубов, Дарко Сековски, Михаил Николов, Никита Патаровски, Михаил Танчев, Милош ... Read More »

Во четврток “двојна програма“: Славење есенска титула на меч со Силекс и средба со Вујо на меч со ППД Загреб

rtv

Во четврток, 10-ти декемеври вистински вардаров ден ни престои. Во истиот играат нашиот фудбалски и ракометен колектив. По вчерашната одлика на фудбалската федерација дуелите од последното есенско коло во првата лига се преместени од првично закажаниот термин во среда за ден подоцна во четврток со почеток во 13-00 часот. На фудбалскиот меч ни доаѓа кратовски Силекс во дуел кога ќе ... Read More »

(ФОТО) Завршен турнир на “Вардар Јуниор“ лигата

vardarfans junior liga 3

Денес во населбата Ѓорче се одигра завршниот турнир во фудбалската “Вардар Јуниор“ лига. Учествуваа екипи од генераици родени “2003“ и “2005“ година. Во двете конкуренции Вардаровите состави го освоија првото место. Резултати на нашите екипи: Полуфинале: Фк Вардар генер. “2003“ – Форца 4:1 Финале: Фк Вардар генер. “2003“ – Слога (Виница)  о:0 Полуфинале: Фк Вардар генер. “2005“ – Слога (Виница) ... Read More »

Прво место за Фк Вардар генерации “2003“ и “2005“ на завршниот турнир во “Вардар Јуниор“ лигата

vardarfans zavrsen turnir na junior liga

Денес на главниот фудбалски терен во населбата Ѓорче се одигра завршен турнир на фудбалската “Вардар Јуниор“ лига за генерации родени “2003“ и “2005“ година. Учествуваа следниве екипи: Вардар со генерација 2003 и 2005, Слога 1934 (Виница) со генерации 2003 и 2005, Мал Ајакс од Штип со генерации 2003 и 2005, Форца со генерација 2003 и Спортефе со генерација 2005. Фк ... Read More »

ФК ВАРДАР Е ЕСЕНСКИ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА!

vardarfnas video

По ова не комплетирано коло во ПМФЛ, еден натпревар пред крајот на есента, ФК Вардар си обезбеди новa есенска титула. По вчерашните 1:1 со Работнички, со денешниот ”кикс” на Шкендија во Кратово против Силекс, и теоретски ФК Вардар станува есенски шампион во ПМФЛ за сезоната 2015/16 со пет бодови предност пред Шкендија. Оваа полусезона ФК Вардар, имаше одлилчна серија од ... Read More »

Преглед на резултати за Фк Вардар генер. “2002“, “2004’ и “2007“ во детската лига

vardarfans-2005-660x330

Вчера на терените на фудбалската федерација на Македонија и фудбалскиот клуб Работнички се одиграа натпревари, во рамки на 11 коло од детската фудбалска лига. Свои настапи имаа Вардаровите генерации родени “2002“ , “2004“ и “2007“ година. Фк Вардар генерација “2002“ имаше убедлив настап во ова коло. Оваа генерација продолжува со максимален ефект на освоени бодови во оваа лига. Ниту екипата ... Read More »

Денес се одигра фудбалски турнир во “Јуниор лигата“ за генерација “2001“

vardarfans-vardar-liga-660x3301-660x330

Денес на главниот терен во населбата Ѓорче се одигра ревијален турнир во фудбалската “Јуниор лига“ . Настапија екипите на Вардар, Еуроспорт ( Куманово), Еврофудбал (Охрид) и Форца. Се одиграа вкупно четири натпревари помеѓу споменативе екипи. Фк Вардар генерација “2001“ одигра два натпревари и забележа една победа и еден пораз. Најпрво избраниците на Сашо Јанев се сретнаа со екипата на Еврофудбал ... Read More »