Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар (page 640)

РК Вардар

Среќен роденден Жоан Кањелас

vardarfans-kanjelas1-660x330

Денес својот 31-ви роденден го прославува шпанскиот репрезентативец во дресот на Вардар, Жоан Кањелас. Ова е втора сезона за него во Вардар, откако  ланилетово дојде од екипата на Кил. Тој во првата сезона во црвено-црните редови дојде до четири трофеја, а оваа ја стартуваше со суперкуп титула. Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси на професионален план. Среќен ... Read More »

Гонзалес и Стоилов: Фаворити сме со Загреб, но треба да се покажеме на терен

vardarfans-pres

Во недела РК Вардар го очекува нов предизвик во ЕХФ Лигата на шампионите, ние сме домаќин на шампионот на Хрватска. Натпреварот меѓу Вардар и ППД Загреб е добра шанса за момците на Раул Гонзалес да ја продолжат победничката серија во Лигата на шампионите започната уште минатата сезона. Европскиот првак има серија од седум победи по ред, од кои две се во оваа ... Read More »

Двете пионерски екипи на РК Вардар во недела играат против Аеродром

vardarfans-termini

Во недела двете пионерски екипи на ракометниот клуб Вардар ќе ги одиграат своите натпревари од второто коло во лигата, каде и двете екипи ќе играат против Аеродром. Новата генерација на РК Вардар, ракометари родени 2004/05 година предводена од “Зенга“ имаше успешен старт во својата дебитанска сезона, совладувајќи ја екипата на Бисинов од Велес. Во рамките на второто коло, Вардар Јуниор ... Read More »

(ВИДЕО) СЕХА: Вардарова доминација! Дибиров, Борозан, Чупиќ и Гонзалес во идеалниот тим за септември

vardarfans-dibirov

Неспорно нашиот РК Вардар имаше одличен старт во оваа сезона од СЕХА регионалната лига. По четири кола сме еднствени со максимални 12 бода, ППД Загреб и Целје се зад нас со закаснување од дури 5 бода, односно имаат седум бода по исти број одиграни кола. Па затоа беше очекувана  Вардарова доминација во СЕХА изборот за месец септември. На крилните позиции ... Read More »

Во тек е продажбата на билетите за дуелот со ППД Загреб, побрзајте билети се по 150 и 350 ден.

od-ponedelenik-prodazhba-na-bileti-za-duelot-so-ppd-zagreb-vo-lsh-13913-660x258

Европскиот шампион, тимот на Вардар ќе сака да ја продолжи серија без пораз во Лигата на шампионите. По победите над Висла и Нант, овој викенд доаѓа ред и на шампионот на Хрватска, тимот на ППД Загреб. По повод овој дуел кој треба да се одигра престојниот викенд, од РК Вардар информираа дека билетите од понеделникот се пуштени во продажба билетите ... Read More »

Нант и Рајн – Некар со нерешен резултат го отворија третото коло во најсилната група А од ЛШ

vardarfans-ls

Со натпреварот Нант – Рајн Некар се отвори третото коло во најсилната група А од лигата на шампионите. Двете екипи ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат 26:26. Шампионот на Германија има за што да жали на овој натпревар, со оглед дека имаше постојана предност во текот на целиот меч, највисоката беше четири гола, додека во последните секунди не успеаа ... Read More »

Среќен роденден Даинис Кристопанс

vardarfans-kristopans

Денес својот 27-ми роденден го прославува ракометарот на Вардар, Даинис Кристопанс. Ова е прва сезона за Кристопанс во црвено-црниот дрес, откако летово пристигна од екипата на Брест Мешков. Нашата редакција му посакува многу, здравје и успеси на професионален план. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ДАИНИС ! Read More »

Рожерио Мораес: Својот сон го живеам во Скопје

vardarfans-fereira-660x330

Пикерот на РК Вардар, бразилецот Рожерио Мораес за престојот во Скопје и можноста да биде дел од европскиот шампион вели дека му е како сон. Презадоволен од односот на тренерот, соиграчите, навивачите и воопшто луѓето во македонскиот главен град. Веќе една сезона сум во тимот, и на почетокот ми требаше период на адаптација, да го научам системот на игра, да ... Read More »

Иле Табаков: Натпреварувајќи се во “Јуниор“ лигата добив можност да бидам дел од пионерите на Вардар Јуниор

q20

Во новата сезона ќе гледаме нова генерација на ракометниот клуб Вардар, која ја сочинуваат ракометари родени 2004/05 година. Екипата е составена од играчи кои се дел од “Јуниор“ лигата и кои беа препознаени како квалитетни за да го носат црвено-црниот дрес. Еден од нив е Иле Табаков, кој е дел од ракометната школа РК Бисинов од Велес. Иле ќе не ... Read More »

(Фотогалерија) Пионерите на РК Вардар Јуниор стартуваа со победа

q25

Викендов во салата “Кале“  се одигра 1.коло во пионерската машка ракометна лига. Во истото пионерите на РК Вардар Јуниор предводени од Зоран Петковски-Зенга беа домаќини на РК Бисинов-Вардар од Велес. Младите вардарци го имаа своето “огнено крштевање“ во пионерската лига. Тие првпат играат заедно и се помлади од колегите од РК Вардар дојдоа до победа со пресврт во еден крајно возбудлив дуел со 23-20 (8-9), ... Read More »