Екипата на Брест Мешков ќе биде првиот противник на Вардар, во Лигата на Шампионите. Вчера, Брест Мешков стана освојувач на националниот Куп, откако во големото финале го победи тимот на СКА Минск со минимални 26-25. Претходно во полуфиналето, избраниците на Алонсо беа подобри од екипата на Гомел, многу поубедливо славеа со резултат 33:20. Во составот на Брест Мешков ќе го видиме ... Read More »
Прв Тим
Веспрем е третиот учесник на Ф4 турнирот во СЕХА, во сабота Вардар треба да го потврди пласманот
Екипата на Веспрем е третиот патник на завршниот турнир во СЕХА-лигата. Во текот на утрешниот ден требаше да се одигра реваншот од 1/4 финалето во Унгарија, меѓу екипите на Веспрем и Војводина. Сепак екипата од Нови Сад го откажа патувањето поради рестрикциите со корона вирусот и нема да се појави на мечот во Веспрем Арената. Веспрем имаше предност од пет ... Read More »
Среќен роденден Марко Мишевски
Денес својот 21.роденден го прославува играчот на Вардар, Марко Мишевски. Репрезентативецот на Македонија се врати во Вардар, откако мина неколку месеци во екипата на Гренобл. Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси во црвено-црниот дрес. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАРКО ! Read More »
Вардар и Нексе ги играат последните подготвителни натпревари, во пресрет на нивниот меч
На 29.август, екипата на Вардар ќе го одигра првиот официјален натпревар. Се работи за реванш дуелот од 1/4 финалето во СЕХА-лигата, против екипата на Нексе. На првиот натпревар славеа црвено-црните со резултат 30:31. Во подготвителниот период Вардар настапи на турнирот во Струга, каде одигра четири натпревари и го освои второто место. Изминатиов период одигравме уште два контролни натпревари во С.Ц ... Read More »
(ФОТО) Стоилов го зеде својон син и го покажа на јавноста
Капитенот на Европскиот Шампион, Стојанче Стоилов, стана татко. Столе и неговата свршеница, Деница, добија принова, на свет пристигна нивниот син, кој го доби името Бојан. Стоилов го покажа својот син на јавноста, а „Аџибадем Систина“ е болницата од каде Столе го зема својот син. Со болницата имам одлично искуство, долги години моето здравје го доверив на професионалците кои работат тука, ... Read More »
Вардар им се врати на победите, Металург поразен во „Јане Сандански“
По двата порази едно по друго, Вардар им се врати на победите откако поладнево го совлада тимот на Металург со (25-20), кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Вардарци во првиот дел се мачеа и не го скршија отпорот на противникот, па така на пауза се замина со егал, 8:8. Во вториот дел Вардар одигра далеку подобро и на крајот ... Read More »
Можност за поправен, Вардар на нов контролен меч, денес против екипата на Металург
Попладнево во С.Ц. Јане Сандански, екипата на РК Вардар ќе одигра уште еден контролен натпревар. Противник ќе ни биде екипата на Металург. Со тимот од Автокоманда, немавме можност да се сретнеме на турнирот во Струга, па денес шанса да се надигруваме со овој противник, кој освои трето место на струшкиот турнир. Вардар влезе во негативна серија од два порази, на ... Read More »
Вардар загуби од Еурофарм, на контролен натпревар одигран во Скопје
Вардар загуби и втор пат, во дуелите со екипата на Еурофарм Пелистер. Попладнево во С.Ц. Јане Сандански, избраниците на Стевче Алушовски одиграа контролен меч со екипата од Битола. Како и на финалниот дуел во Струга, така и денес на контролниот натпревар, како подобар излезе противникот. Еурофарм Пелистер во најголем дел од натпреварот одржуваше предност, и имаше контрола на резултатот. Подобро ... Read More »
Попладнево во Јане Сандански, натпревар од затворен карактер ќе одиграат Вардар и Еурофарм Пелистер
Попладнево со почеток од 17:30 часот, во С.Ц. Јане Сандански, екипата на РК Вардар ќе одигра контролен дуел против екипата на Еурофарм Пелистер. Ова ќе биде втора меѓусебна пресметка на двата тима, за краток период, а првата ја доби екипата од Битола. Во големото финале на струшкиот турнир, славеше Еурофрм Пелистер со резултат 26:23. Денешниот меч ќе биде од затворен ... Read More »
Хорват: Не сме без шанси во Скопје, нашата предност е што имаме воигран тим
На 29.август треба да се одигра реванш натпреварот од 1/4 финалето во СЕХА-лигата, меѓу екипите на Вардар и Нексе. Црвено-црните имаат предност од еден гол, остварен на првиот дуел во Нашице, па така се многу блиску до пласман на завршниот турнир во ова натпреварување. Сепак, тренерот на хрватскиот вицешампион, Хорват, верува дека неговиот тим има шанси на реваншот во Скопје, ... Read More »