Нашиот женски ракометен шампион вечерва оди на “поправен“. Во рамките на второто коло од лигата на шампиони во спортскиот центар Јане Сандански гостува екипата на Лајпциг. После нерешениот резултат во првото коло против ФТЦ Будимпешта, вечерва Вардарки ќе се обидат да стигнат до првата победа во новата сезона. Денешниот противник во првото коло доживеа пораз од екипата на Астраханочка со ... Read More »
Прв тим
Состав на ЖРК Вардар за денешниот меч во Л.Ш
ЖРК Вардар денеска ќе го одигра и второто коло од ЕХФ лигата на шампионките. Нашиот тим денеска ќе биде домаќин на германскиот преставник, тимот на Лајпциг. Во нашиот тим се враќа Андреа Кликовац, а ќе недостасува Лакрабер. Состав: Алтхаус, Човиќ, Дамњановиќ, Херем, Илина, Кликовац, Хмирова, Лазовиќ, Лејно, Мавсар, Пенезиќ, Песоа, Радичевиќ, Ристовска и Суслина. Read More »
Билети за мечот ЖРК Вардар- Лајпциг по екстра цена од 150 денари
ЖРК Вардар вториот натпревар во новата сезона во Лигата на Шампионите на домашен терен ќе го одиграат на 21.10 (петок) со почеток во 20:30 часот во својот храм С.Ц. Јане Сандански. Тие ќе се сретнат со екипата на Лајпциг. Сите оние кои што сакаат да го проследат натпреварот и да им помогнат на црвено-црните да стигнат до нова победа можат да го ... Read More »
ЖРК Вардар прес! Тимот во петок ќе го води “тренерскиот троец“ Станковски, Кокшаров и Самсоненко. Годинатва повторно цел е титулата во Л.Ш
Пред нас во петок е нов предизвик во ЕХФ Лигата на шампионите, тоа е дуелот од 2.коло од Б групата со екипата на Лајпциг. По тренерската смена на нашата клупа денес пред мечот тимот во проширен состав имаше прес конференцијата . Покрај очекувања за мечот од клубот информираа и за : последните промени во тимот, идните планови, и за очекувањата ... Read More »
Камила Херем во најдобри ТОП-5 трансфери за оваа натпреварувачка сезона во ЛШ
Трансферот на Камила Херем во редовите на Вардар се најде во ТОП -5 најдобри за оваа натпреварувачка сезона. Херем е првата Норвежанка која ќе игра за една екипа во историјата на Македонскиот ракомет. Нејзините квалитети и вештини ги покажа уште на првиот официјален меч во дресот на Вардар, постигнувајќи четири голови во нерешениот резултат против ФТЦ Будимпешта. Вака изгледа листата ... Read More »
Шведска судиска двојка ќе ни суди во петок
В петок стартува второто коло од женската Лига на шампиони. ЖРК Вардар и овој натпревар ќе го одигра на домашен терен и тоа во петок. По нерешениот резултат против тимот на Ференцваршот, девојките на Вардар немаат право на уште еден кикс. Овој натпревар ќе го суди судиска двојка од Шведска. Се работи за: Мирза Куртагич и Матиас Ветервик. ЕХФ делегатот ќе ... Read More »
Прес – конференција пред мечот со Лајпциг
Од ЖРК Вардар не информираат дека утре со почеток во 12 часот во конференциската сала во СЦ „Јане Сандански”, ЖРК Вардар ќе одржи прес – конференција пред натпреварот од второто коло во женската Лига на шампиони. Во петок во Скопје ни гостува тимот на Лајпциг. На утрешната прес – конференција ќе присуствуваат: Сергеј Самсоненко Едуард Кокшаров Гордана Нацева Ацо Станковски Андреа ... Read More »
Во ЖРК Вардар доаѓа тренер шампион?
Нов предводник на ЖРК Вардар треба да биде словенечки тренер. Станува збор за Тисељ Тоне, кој има 55 години и зад себе има богата тренерска работа. Тисељ во минатото предводел и машки и женски тимови. Тоне во моментов е тренер на унгарскиот тим Дебрецин. Во тренерската кариера овој тренер бил стратег и на: Машката и женската репрезентација на Словенија, потоа работел и како ... Read More »
(Видео) Мавсар во Вардар ТВ
Нов гостин во Вардар ТВ беше новата ракометарка на ЖРК Вардар, словенката Тамара Мавсар. Мавсар ова лето дојде од екипита на Крим и се очекува да биде од голема поддршка на левата крилна позиција. Мавсар за Вардар ТВ говори на неколку интересни прашања поставени. Ова е прв интернационален клуб во кариера на словенката. Погледнете го целиот прилог во продолжение: Read More »
(ВИДЕО) “Цепелинот“ на Радичевиќ и Лакрабер во топ-5 најубави голови во 1.коло од Л.Ш
Женскиот ракометен клуб Вардар по подолга пауза конечно одпочна со играње на официјални мечеви. Тие во првото коло во ЕХФ Лигата на шампионките бевме домаќини на екипата на ФТЦ Будимпешта. Во овој дуел ремизиравме со ФТЦ Будимпешта 27-27. Потоа викендов тимот го изгуби кормиларот Индира Кастратовиќ. Според изборот на ЕХФ ТВ “цепелинот“ на Радичевиќ и Лакрабер се најде во топ-5 изборот за најубави ... Read More »