Wednesday ,17 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ОК Вардар е најуспешниот црвено-црн клуб во ЕХ ЈУ

ОК Вардар е најуспешниот црвено-црн клуб во ЕХ ЈУ

Одбојкарскиот клуб Вардар е најуспешниот клуб од нашето спортско друштво за време на Југославија. Постојан учесник на првата Југословенска лига од 1967 година се до распадот на Југославија (со исклучок на сезоната 1967/1968). Шампион на Југославија во сезоната 1975/76, освојувач на купот во сезоната 1979/80, како и освојувач на четвртото место во одбојкарската лига на шампиони во сезоната 1976/77.

istorija-odbojka-vardarfans

Одбојкарскиот клуб Вардар во почетокот на 60-тите години почнува со селекција на младински состав кој понатаму би бил лидер во Југословенската лига. Во клубот се работело професионално, тренинзите биле интензивни, организирани биле турнеи во странство, а во 1961 година како шампион на Македонија, губи квалификации од Сараево за влез во првата Југословенска лига. Конечно во 1967 година Вардар се пласирал во првата Југословенска лига, но завршува како последен и веднаш испаѓа во втора лига. Само после една година се враќа во првата лига откако во баражот била совладана екипата на Суботица и игра во истата се до распадот на Југославија. Како домаќин своите натпревари Вардар ги играл на повеќе различни локации, Дебито во првата лига е направено во салата во Чаир (во средното училиште Цветан Димов), потоа клубот дел од мечевите ги игра во салата на факултетот за физичка култура, во салата на Работнички во Градски парк, за на крај да игра во Кале. Своите златни години Вардар ги доживува во периодот меѓу 1973 и 1980 година. Младинците на Вардар предводени од великанот на македонската одбојка Владимир Богоевски, успеваат да станат младински шампиони на Југославија, а понатаму тој состав ќе остави трага и во сениорската одбојка.

Во сезоната 1975/76 ОК Вардар станува шампион на Југославија остварувајќи 22 победи во 26 натпревари. (ФОТО) како изгледала целата табела.

tabela-odbojka-istorija-vardafans