Европската куќа на ракометот во петок на први јули ќе одржи ждребување за машкиот и женскиот сегмент во најквалитатната европска ракометна лига. По ЕХФ-ждрепката ќе бидат познати четирите групи во машка и четирите групи во женска конкуренција во Лигата на Шампионите чии учесник е Вардар. Интересне факт е дека и оваа сезона Вардар ќе има свои претставници во ракометната лига на шампионите и во машка и во женска конкуренција истовремено, а со тоа нашиот клуб единствен случај во Европа, од ист ракометен колектив да има два тима во најелитното натпреварување.
Двата наши тима бидејќи имаат голем рејтинг кој го градат изминатите сезони низ мечевите во Л.Ш се дирекни учесници во групната фаза на шампионската лига. Момците на Раул Гонзалес ќе се обидат конечно од нивниот четврти последовен обид да стигнат на завршниот Ф-4 турнир во Келн, од како трипати не успеваме да ја минеме последната пречка во 1/4 финалниот двомеч. Повторно ние сме дел од двете квалитетни групи А и Б за следната натпреварувачка сезона 2016/2017 во елитната ЕХФ Лига на шампиони. Системот останува исти како и лани кај момците со две квалитетни и привилигирани групи и две помалку квалитетни групи во кои ќе игра другиот македонски преставник РК Металург. Противниците кои се можни за нас се дефинирани и истите може да ги погледнете овде!
Женскиот вардаров колектив пак ќе се обиде да обезбеди место во финалниот меч и да ја освои круната во женската конкуренција, од како секогаш успеваме да обезбедиме Ф-4, но сме поразени во првиот полуфинален дуел и го освојуваме “утешното“ трето место. Девојките на Кастратовиќ исто така ќе ги дознаат во петок своите противници во една од четирите групи од по четири тима, кај дамите нема привилигирани групи како кај машките. Оваа сезона како и минатата ќе биде истиот систем на натпреварување, екипите ќе бидат поделени четири групи со по четири екипи, најдобрите три од секоја група прават две новоформирани групи во т.н “главната фаза“. По вториот дел во групите првите четири се пласираат во 1/4-финале, а победниците од тие дуели ќе играат на Ф4 турнирот каде ќе се добие шампионот за сезоната 2016/2017. Познати се екипите учесници во ждребката кај девојките и истите може да ги погледнете овде! Се надеваме дека годинава ќе се израдуваме на европска титула кај дамите и минимум Ф-4 кај момчињата што би било скалило повеќе во однос на минатата сезона во Л.Ш