Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > Tag Archives: Slider (page 1243)

Tag Archives: Slider

Рк Вардар го зачува “костурот“ на тимот, но и осетно се засили за следната сезона

phoca_thumb_l_DD1_1483

Црвено-црните полека ја привршуваат оваа натпреварувачка сезона, но истовремено го подготвуваат тимот за следната. Како и што најавивме, изминативе денови се работеше на продолжување на договорите со дел од ракометарите, но и веќе се официјализираа новите играчи кои од јули ќе го засилат тимот. Вардар го задржи костурот на тимот, кој оваа сезона понесе голем дел од играта и товарот ... Read More »

Официјално: Деревен во наредните три сезони ќе го носи дресот на Вардар

Како и што најавивме пред долго време, сега станува и официјално. Младиот лев бек на Чеховски Медведи и Руската репрезентација, Александар Деревен во наредните три сезони ќе го носи црвено-црниот дрес. Деревен зад себе имаше одлична сезона во Лигата на Шампионите, каде постигна дури 63 голови, и тоа само во првата групна фаза, со оглед дека неговиот тим не продолжи ... Read More »

ГОЛЕМО ШАМПИОНСКО СЛАВЈЕ ВО САБОТА 23МАЈ/19Ч !ЌЕ СЕ СЛАВАТ ТРОФЕИТЕ НА ФК И РК ВАРДАР !

vardarfans-tri-logovci-660x330

Утрово до нас пристигна следново кратко соопштение со детали за прослава на титулите од  нашиот најголем спортски бренд нашата љубов Вардар . Истото  со големо задоволство ќе го споделиме со нашата црвено- црна јавност . Драги симпатизери, подржувачи… Драги Комити! Управата на РК Вардар и ФК Вардар заедно со играчите Ве поканува во сабота,23 Мај на паркингот на Спортскиот Центар ... Read More »

Итана Грбиќ уште три години црвено-црна

Жрк Вардар по обезбедување на двете титули почна со засилувања и продолжување на договорите со девојките . Така претходно црвено-црните го промовираа ново име за  својот нов пикер Човиќ која дојде од Подравка . Денес младата Црнагорска инернационалка Грбиќ доби нов договор. Младата Итана Грубиќ која настапува на лево крило доби нов тригодишен договор со Вардар. И ако првично кога ... Read More »

КОМИТИ СООПШТЕНИЕ : ТИТУЛАТА Е НАША, СИТЕ ВО КРАТОВО ДА ЈА ПРОСЛАВИМЕ!

Фудбалскиот клуб Вардар годинава по победата над Ренова се промовираше во шампион на земјава . Титулата фудбалската федерација на Македонија ќе ја додели на последниот меч во Кратово . Истата ќе биде врачена од претседателот на ФФМ Илчо Ѓоргевски на вардаровиот капитен пред почетокот на дуелот со ФК Силекс . Комити кои се верна сенка на црвено-црниот фудбалски колектив со ... Read More »

Вардар ќе ја темпира формата за Л.Ш во Австрија

fk vardar

Момците од ФК Вардар формата за наспапот во Лигата на Шампионите ќе ја темпираат во Австрија. Како што можеше и да се очекува, нашите момци на средина на јуни месец ќе заминат за Австрија, каде ќе се подготвуваат за убаво и долго лето. Само за потсетување нашиот тим, оваа пролет мина дел од подготовките во Австрија, каде што според впечатоците ... Read More »

Црвено-црните со победа се враќаат од Прилеп

vardarfans 7

Екипата на Рк Вардар со висок триумф се врати од Прилеп, совладувајќи ја истоимената екипа. Ова е веќе вкупно шести триумф, во исто толку мечеви. Избраниците на Гонзалес играа онолку колку што беше потребно да се забележи победа. Домаќините долго време даваа отпор, но недоволно да се направи нешто поголемо. Само во првите 30 минути успеваа да одржуваат резултатска рамнотежа ... Read More »

Вардарки ги добија пехарите и медалите за освоената Шампионска титула

vardarfans sampioni

Денеска и официјално екипата на Жрк Вардар е прогласена за нов-стар Шампион на Македонија во првенството. Ова е трета последователна титула за девојките во националната лига. Во еден меч кој повеќе личеше на ревијален и пред се пријателски, првиот тим на Вардар беше поуспешен од втората екипа предводена од Симе Симовски. Резултат кој немаше никакво значење за исходот на табелата. ... Read More »

КУГЛАЊЕ! Интервју со Дарко Димитровски подпретседател,основач и играч на Вардар: Нашата прва сезона во МКЛ е максимално успешна и историска!

vardarfans dare lepi

По успешната сезона на кугларскиот клуб Вардар во која црвено-црните во својата прва сезона во Македонската кугларска лига (МКЛ) остварија историски успех го освоја првиот трофеј шампион во куп и беа вице-шампиони во првенството ви го го преставуваме  во интервју еден од “главните виновници“  за овој успех основачот,  подпреседател и играчот Дарко Димитровски. За напомена со одличните резултати на домашна ... Read More »

Нови договири за Стоилов, Брумен ,Тоскиќ и капитенот Лазаров!

Раководството на РК Вардар во сериозна офанзива за создавање на силен тим за следната сезона . Повторно нови договори со четири стандарни првотимци . Подпис на нови договори ставиа Столе, Тоскиќ , Брумен и Филип Лазаров. Стоилов доби најдолго продолжување на својот договор од три години , нашата икона и понатака ќе биде со црвено-црните фанови во новите успеси на ... Read More »