Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Елвир Рамиќ:Напорно се подготвувавме за овој натпревар.
Елвир Рамиќ:Напорно се подготвувавме за овој натпревар.

Елвир Рамиќ:Напорно се подготвувавме за овој натпревар.

Фк Вардар У16 со победа го завршија првиот дел од сезоната,и тоа на тешкото гостување во Тетово.Најмладата генерација која се натпреварува во младинската лига,успеа да забележи победа против Шкендија со резултат 0:3.Стрелци на головите беа:Марко Ѓоргиевски,Кренарт Дардиша и Марио Спасиќ.

-Цела недела на тренинзи напорно се подготвуваме за во Тетово да освоиме три бода.Многу се мотивиравме,тој натпревар ни беше како финале.Едвај чекавме да почне мечот .Сите бевме расположени за игра,излеговме да играме со срце.Постигнавме ден гол,па потоа уште еден.На пауза заминавме со одлична предност,но тренерот не предупреди да не се опуштаме.Во второто полувреме продолживме со исто темпо,постигнавме уште еден гол.До крајот на мечот ја контролиравме топката во наш посед,изјави капитенот Елвир Рамиќ за Вардарфанс мк.

Оваа генерација се наоѓа на второто место во есенскиот дел од сезоната,забележувајќи 7 победи,2 нерешени резултати и 2 порази.Марко Ѓоргиевски е најдобар стрелец со 14 постигнати гола.

Звонко Ивановски

02.12.2014

Leave a Reply