Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Преглед 10.коло! Кадетките на Вардар со 10/10, имаме најдобра одбрана и напад во лигата
Преглед 10.коло! Кадетките на Вардар со 10/10, имаме најдобра одбрана и напад во лигата

Преглед 10.коло! Кадетките на Вардар со 10/10, имаме најдобра одбрана и напад во лигата

Минатиот викенд се одигра последното, десетто коло во женската кадетска група-А каде што настапува тимот на Платон и Папуџиева, кадетската екипа на ЖРК Вардар. Вардарки со победа и тоа 10-та на исто толку натпревари ја „запечатија“ групната фаза. Ние по ова коло завршивме со групната фаза како лидери, ова се постигнатите резултати:

- ЖРК ВАРДАР - ЖРК ШАМПИОН 29:25

-ЖРК МЕТАЛУРГ-ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 20:22

-ЖРК ИЛИНДЕН ВАРДАР- ЖРК КУМАНОВО 26:18

По многу сме единствени од во кадетската конкуренција, од 16 екипи поделени во три групи сме единствена која има максимален број на победи, лидерите во групите Б и В имаат и неуспеси во оваа сезона. Натпреварите во групата ги завршивме со максимални 30.бода исто така единствени. Ние сме најефикасен тим во целата кадетска лига ( сите групи)  постигнавме 303.гола во групната фаза, во просек на еден дуел постигнуваме 30.3 погодоци по одигран натпревар. Имаме најдобра одбрана во лигата примивме само 216 гола (просек 21.50 примен гол по дуел).  Во продолжение табелата од нашата група:

99999999999999999999999

Веќе објавивме дека следи 1/4-финале во кое сме домаќини на тимот кој е на позицијата три на табелата во групата-Б, екипата на РК Сани 14. Мечот е закажан за петок во „Круме Кепески“ , ние сме домаќини на дуелот по чии крај екипата која ќе победи обезбедува директен пласман на завршниот Ф-4 турнир.