Средниот бек на руската селекција и новото засилување на РК Вардар, Павел Атман се очекува лесно да се адаптира во Скопје. Тој веќе играше во Македонија па градот, менталитетот и јазикот не се непознаница за него. Покрај тоа во тимот има дузина соиграчи од руската селекција, со кои има минато неколку години во својата селекција.
Ви носиме кратко видео од негови погодоци во Брест Мешков каде играше со Кристопанс, дополнителен квалитет на црвено-црните ќе биде и нивното спојување бидејќи претходно одлично функциионираа во дресот на белорускиот тим.