Селекторот на женската младинска репрезентација, г-ѓа Јулијана Дамчевска го објавува списокот на повикани ракометарки за собир за подготвителниот период за претстојниот ЕХФ W19 2019 Шампионат во Литванија од 15.07 до 21.07.2019.
Младинската репрезентација на Македонија е во групата Б заедно со репрезентациите на Грузија, Швајцарија и Литванија. На списокот се најдоа пет девојки од ЖРК Вардар, станува збор за Ивана Џатевска, Илиќ Андреа, Ана Марија Божиновска, Андреа Седлоска и ИвонаТрпевска.
Собирот е закажан на ден 24.06.2019 (понеделник) во 15:30 часот во спортска сала Автокоманда.