Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Се комплетира 13.коло во СЕХА лигата, Вардар е на врвот, Загреб втор со исти бодови
Се комплетира 13.коло во СЕХА лигата, Вардар е на врвот, Загреб втор со исти бодови

Се комплетира 13.коло во СЕХА лигата, Вардар е на врвот, Загреб втор со исти бодови

Со одигрувањето на последниот меч помеѓу домаќинот  Татран и Брест Мешков на кој гостинот победи со 21-35 се комплетираа сите 13.кола од регионалната СЕХА Лига. По крајот на истата на врвот на табелата со по 33 бода се издвоија нашиот РК Вардар како лидер и хрватскиот шампион ППД Загреб, на трето место е вице-шампионот од истата земја, тимот на РК Нексе.

Вардар и Загреб по одиграни 13.кола имаат 11 триумфа и два неуспеси на своето конто. Со постигнати 376 гола на овие дуели го имаме најефикасиот напад во регионалната лига, или 28,90 постигнати погодоци по одигран дуел.  На пролет остануваат пет меча за доигрување, по што следи завршниот Ф-4 турнир.

48365591_1535545316548203_5730069161271361536_n

Вардарци теоретски со само две победи кои може да ги остварат во првите две кола би обезбедиле предвремен пласман, нешто што беше својствено изминатите сезони за црвено-црните момци. Момците на Парондо ќе се обидат напролет третти пат по ред да дојдат до круната и да се одлепат на врвот на табелата на најтрофејни екипи во регионалната конкуренција.

Во првото пролетно, односно 14.коло во регионалната лига гостуваме во Србија кај тимот на РК Војводина.