Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Драгана Ристова номинирана за „најдобар тренер“ од страна на МОК
Драгана Ристова номинирана за „најдобар тренер“ од страна на МОК

Драгана Ристова номинирана за „најдобар тренер“ од страна на МОК

Олимпискиот комитет на Република Македонија  го номиниреше тренерот на ЖРК Вардар, поранешната мак.репрезентативка Драгана Ристова за наградата најдобар тренер.

  Таа е дел од номинираните ученици на Гала настанот  “Златна Олимпија”, настан кој ќе се одржи на 20-ти декември 2021 година (Понеделник) во хотел “DoubleTree by Hilton”, Скопје. На овој настан ќе се доделат награди и ќе се прослави успехот на најуспешните жени во спортот, во Република  Македонија, за тековната 2021 година.

Ристова  го предводеше овој тим како пионерки, потоа како кадетки и младинки, а сега и како сениорски во мак.лигите.  Тимот напредуваше, еволуираше, делумно се менуваше доаѓаа и нови имиња низ годините кои се вклопуваа во нејзиниот систем. Оваа екипа во пролетна оваа 2021 година за која и е номинирана под нејзино водство освои две „сребра“ во лигата и Купот на Македонија.

ristova3

ЖРК Вардар оваа сезона Ристова го води успешно, есенва има 11/11 во лигата. Игравме и во „Европскиот куп“ каде бевме единствена македонска екипа која го мина 2.коло и дојде во 3.рунда. Успеавме да забележиме три позитивни резултати на четири дуели во Европа.