Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Спартак-ЖРК Вардар, петок од 18:00 часот
Спартак-ЖРК Вардар, петок од 18:00 часот

Спартак-ЖРК Вардар, петок од 18:00 часот

По двете победи изминатиот викенд,  над Стружанка и Гевгелија, ЖРК Вардар ќе атакува на 3/3 во Женската Супер лига. Во следното, 3.коло гостуваме кај тимот на РК Спартак Кисела Вода. Натпреварот е закажан за 25.септември, во петок.

Дуелот во салата „Круме Кепевски“ во Кисела Вода ќе се игра со почеток во 18:00 часот.

Веќе во недела се игра 4.коло, ние сме домаќини на ЖРК Пелистер од Битола, терминот за дуелот во СЦ „Јане Сандански“ дополнително ќе го објавиме.