По обврските кои во изминатите десетина дена ги имаше женската сениорска репрезентација на Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2025 година, овој викенд продолжуваат и натпреварите во двете групи од Првата лига-жени.
Во групата „А“ дерби дуелот на ова шесто коло е закажан за сабота од 16.часот. Ќе се игра во салата на КК „Вардар“, а ќе се сретнат лидерот на табелата, Вардар и актуелниот освојувач на Купот, екипата на МЗТ Скопје Аеродром.
По победата во дуелот со шампионот Баскет Кам 2011, „вардарки“ останаа без услугите на репрезентативниот бек Илина Селцова (ја продолжи кариерата во Острава), ги чека уште еден силен предизвик, да бидат подобри и од екипата од Аеродром која во измиантите пет кола има само еден пораз, и е на делба на втората позиција заедно со екипата од Македонска Каменица, која пак во овој круг на натпреварите ја чека дуелот со Куманово Гризли (недела – 13.30 часот, во салата „Кирил и Методиј“).
Во сабота, од 15.часот, во кавадаречки „Јасмин“, Пробаскет е во улога на домаќин во натпреварот со екипата на Крива Паланка, додека пак некој час подоцна, од 17.часот, во салата „Нико Нестор“ во Струга, домашната екипа Струга 2009, во обид да дојде до првиот триумф во оваа сезона, го пречекува составот на Бадел 1862.
6.КОЛО
16.00: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром
Сала на КК „Вардар“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/I0ieTI4xJbs?si=uSkPsUeYGVXJkDO2