Младиот и талентиран голман, Васко Василев (2004) во иднина ќе го брани голот на Рио Аве во Португалја.
Василев потекнува од школата на Вардар и со успеси го бранеше голот на младинските екипи. Тој беше еден од најзаслужните за освојување на првото место во Детската Лига на генерација 2004, во 2016 година, кога најпрво во 1/4 финалето во пенал рулетот успеа да одбрани три пенали против Академија Пандев, како и еден во финалето против Брегалница.
Беше две години дел од Академијата на ФФМ, како и член на сите младински репрезентации на Македонија. Моментално е дел од репрезентацијата до 19 години. Нашиот медиум во минатото имаше можност да соработува со овој млад голман и да направи интервју.
Во Вардар работеше со Слободан Мутибариќ, кој сигурно има удел во неговиот правилен развој и напредок. Погледнете едно видео од 2014 година, голмански тренинг со Васко Василев.