Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Преглед на 20.коло! Вардар му се одлепи на Металург на 4+, Куманово сигурен
Преглед на 20.коло! Вардар му се одлепи  на Металург на 4+, Куманово сигурен

Преглед на 20.коло! Вардар му се одлепи на Металург на 4+, Куманово сигурен

Во изминатите два дена се одигра 20.коло во Женската ракометна сениорска лига. Металург беше поразен во дербито кај Куманово во еден доста возбудлив меч. Деспина се намачи со храбрата екипа на Кузман, а Чаир дојде до победа во Струга. Изненадувачки Ѓорче Петров дојде до втората победа оваа сезона, тие беа подобри од Овче Поле.

ЖРК Вардар на домашен терен ја совлада екипата на РК Шампион со повеќе од двојно голови од ривалот. Ние победивме на таа средба со високи 39-19. Во тимот на Ристова и Царчев по 7.гола имаа Трпевска и Ѓорѓиевска, 6-ки зад своите имиња имаа Трајкоска и Дамјаноска.

jk

*Сите дуели се поврзани со записници со еден клик врз резултатот може да погледнете повеќе детали.

На табелата, Куманово се зацврсти на лидерската позиција со победата во дербито над тимот на Металург. Ние успеавме да се одлепиме на 4.бода повеќе пред тимот од Автокоманда. Чаир со победа е веднаш зад водечката тројка во лигата.

 

Табела супер лига жени (2020/21)

jj

Овој викенд нема да се играат натправари поради првомајските и велигденските празници. Следното 21.коло ќе се игра  на средината на идната недела. Вардар има лесен дуел, гостува кај „фенерџијата“  Кузман. Ова се паровите за новата рунда.