Денес се игра вториот натпреварувачки ден во Јуниор ракометната лига во 2020 година. Ова е прв викенд во пролетната полусезона кога се игра ракомет, кај дамите во генерација 2006/2007 се одигаа два меча.
Во првиот меч, РК Драчево како и вчера беше убедлив со тимот на РК Будимир. Девојките започнаа со почетни 1-1, по што драчевки успеаа да се одлепат на 3-5, успевајќи да заминат со два позитива на одмор односно со 6-4. Тие имаа повеќе од играта во овој прв дел.
Во вториот дел за кратко драчевки отидоа на пет плус со добра игра поведоа со 10-5 на почетокот. потоа се беше рутина, Од минута во минута доминираа и успеаа да победат со шест позитива односно со 14-8. Ова е втора победа над истиот ривал за два дена.
Во вториот женски дуел, РК Делчево го совлада тимот на РК Кале од Кичево. Тие победија со седум плус, односно со 20-13 на ова средба. Мечот започна со дузина реми резултати, 1-1, 2-2, 3-3, 4-4, 5-5, 6-6 и на крајот беше 7-7. Тимот од источниот дел на Македонија успеа да погоди два пати и на одмор замина со 9-7.
Во вториот дел девојките на Горан Велков преземаа инцијатива, поведоа со 16-10 и најавивај победа на оваа средба. Од минута во минута доминираа и успеаа да ја задржат предноста која и додатно ја зголемија. Тие победија со 20-13.