Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ЖРК Вардар со 3/3 пролетва, Грујовска повторно со највисока бројка, Седлоска и Галевски први стрелци
ЖРК Вардар со 3/3 пролетва, Грујовска повторно со највисока бројка, Седлоска и Галевски први стрелци

ЖРК Вардар со 3/3 пролетва, Грујовска повторно со највисока бројка, Седлоска и Галевски први стрелци

ЖРК Вардар пред да дојде принудната пауза одигра оваа пролет три дуели, на сите три меча ( два супелигашки и еден младински) дојдовме до убедливи и релативно лесни победи. Тимот забележа победи над Спартак, дома и РК Деспина во Прилеп во сениорската лига и убедлива победа кај Чаир во истоимената населба во младинската лига. Бидејќи е пауза ни останува да направиме пресек на клубските и личните постигнување на овој дел од пролетниот дел на црвено-црниот женски ракометен колектив.

y6

Формата ни беше во нагорна линија, за жал паузата дојде во погрешно време, ние погодивме на три меча неверотни 127 пати, односно во просек погодувавме дури  42,30.гола на меч. Нашите девојки во нападот погодуваа од позициони напади и често и од контри. Тимот беше одлично подготвен за време на зимската пауза, тоа се покажа на самиот пролетен дел со доминацијата во пријателските, а подоцна и во првенствените мечеви. Во одбраната бевме на ниво, имаме во просек помалку од 15 гола примени по меч (14,70) одбраната е одлично поставена од Ристова Драгана  и Црвенковска Билјана, на тоа се додадоа и 53 одбрани на Грујовска, Трајкоска и Илиќ. Пуленките на Царчев примија само   44.гола(од 97 упатени удара) или имаа неверојатни 54,65% одбранети топки сите заедно.

y4

Голманот, Симона Грујовска како по правило секогаш има највисоки бројки, зад своето име во тимот. Повторно е онаа истата од ланската пролет кога се круниса со наградата „најдобар голман“ во Купот, оваа пролет впиша 22.одбрани. Влезе одлично во пролетниот дел па беше двоцифрена со Чаир (12), исто така со Спартак имаше одлична партија. Прв стрелец во тимот  е Седлоска Андреа која постигна 19.гола на сите три одиграни меча  оваа пролет, таа е константна кога е во прашање оваа категорија во тимот. До бројката 16.погодоци стигна Галевска Марија која игра одлична пролет и покажа дека повредата е зад неа. Марија има над 5.гола во просек од одигран натпревар што е одлично за среден бек. Трајкоска Јована со 19.одбрани исто така е на ниво, очигледно Царчев Александар  одлично ги одработил зимските подготовки со голманското трио.

y2

1. Симона Грујовска 22 (одб)

2/3. Андреа Седлоска 19 (гола)

2/3. Јована Трајкоска 19(одб)

4. Галевска Марија 16 (гола)

5. Трпевска Ивона 15 (гола)

6/7.Диневска Бојана 12 (гола)

6/7. Андреа Илиќ 12 (одб)

8. Ана Марија Коларовска 10 (гола)

y9

Капитенот, Диневска Бојана настапи на двата суперлигашки дуели и погоди по дури шест пати со што дојде до бројката 12.  Кога сме кај прв стрелец од игра тоа во црвено-црниот табор е Ивона Трпевска, таа сите 15.гола ги постигна од игра, таа немаше прилика да шутира седмерец на овие три меча. Голманот, Илиќ Андреа имаше двоцифрена бројка на мечот во Прилеп кај тимот на Деспина. Последна двоцифрена на оваа листа е Ана Марија Коларовска која која дојде до бројката 10 погодока, особено добра партија имаше со Чаир.

9/10. Ивана Џатевска 8 (гола)

9/10. Стефанија Ѓорѓиевска 8 (гола)

11. Сара Миновска 7 (гола)

12/13. Кети Англовска 6 (гола)

12/13. Милица Николиќ 6 (гола)

14/15. Марија Гоцевска 5 (гола)

14/15. Ива Јаковчевска 5 (гола)

1111-660x330

16.  Ангела Гроздановска 4 (гола)

17/18. Паковска Јана 2 (гола)

17/18. Ана Марија Божиновска 2 (гола)

19/20.  Стаменкова Теодора 1 (гол)

19/20. Костовиќ Ангела 1 (гол)